Хакерите украле 6,3 милијарди долари од Бајненс, најголемата светска берза за криптовалути. За оваа кражба од рекордни размери аналитичарите ја обвинуваат Северна Кореја. Според нивните оценки, нападот би можел да ја потресе довербата во дигиталните средства.
Цените на криптовалутите паднаа по објавувањето на вестите за кражбата, додека Бајненс (Binance) го стопираше плаќањето и соопшти дека ќе ги покрие загубите. Издавачите на стабилни криптовалути, меѓу кои се Тетер, Серкл и компанијата World Liberty Financial, зад која стои американскиот претседател Доналд Трамп, брзо замрзнаа околу половина од украдената имот.
Најголемиот дел од нападот се случил за околу 20 минути, почнувајќи од доцните вечерни часови во четврток, а според проценките на американските компании за анализа на блокчејн TRM Labs и Chainalysis, имал сличности со претходните големи напади за кои е обвинета Северна Кореја. Според наодите на компанијата TRM, напаѓачите успеале да издадат директива на дигиталните паричници што ги користи Бајненс да префрлат средства во паричници под контрола на хакери. Сличен метод на напад бил применет и при кражбата во 2025 година од берзата за криптовалути Бајбит (Bybit), за која американското Федерално истражно биро (ФБИ) го обвини Пјонгјанг.

„TRM го припишува нападот на елитна хакерска единица на Северна Кореја“, се наведува во анализата што компанијата ја објавила на својот сајт. И TRM и Chainalysis соопштиле дека се многу уверени дека зад нападот стои Северна Кореја.
Северна Кореја со години користи кибер единици поврзани со државата за шпионажа, финансиски кражби и прибирање приходи, наведуваат американските и јужнокорејските власти, како и експертите за кибер безбедност.
Пјонгјанг редовно ги одбива таквите обвинувања. Неговата мисија во Женева и амбасадата во Кина не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
Бајненс соопшти дека средствата на корисниците се безбедни и соработува со партнери за да замрзне дел од загрозената имот. До сега се лоцирани околу три милијарди долари. Се очекува услугите за повлекување пари повторно да бидат достапни во наредните 48 часа.
Компанијата, сепак, не соопшти што се случи со преостанатите 3,3 милијарди долари.
„Вашите пари се безбедни и ќе ги покриеме сите загуби. Со нашето истражување не е утврдена одговорност на ниеден поединец“, напиша на мрежата Икс Ричард Тенг, еден од генералните директори на Бајненс.
BNB, криптовалута првично лансирана под името Бајненс коин, која може да се користи за плаќање на Бајненс берзата, изгуби пет проценти од вредноста во претходните 24 часа и се тргуваше по цена од 709,70 долари, според податоците од сајтот CoinGecko. Недовербата на пазарот се одрази и врз акциите на компаниите кои управуваат берзи за криптовалути. Акциите на компанијата Коинбејс глобал (Coinbase Global), која соопшти дека не е погодена од нападот, паднаа за 4,8 проценти. Истовремено, акциите на компанијата Стратеџи (Strategy), позната по големи инвестиции во биткоин, изгубија речиси шест проценти од вредноста во продолженото тргување на американските берзи. Компромитиран лаптоп Прелиминарната истрага покажува дека нападот можеби започнал со упад во лаптоп на еден од инженерите на Бајненс. На тој начин, напаѓачот, според соопштението на компанијата, добил пристап до еден од нејзините системи и извршил неовластени повлекувања на средства. ...
Прелиминарната истрага укажува дека нападот можеби започнал со упад во лаптопот на еден од инженерите на Бајнес. На тој начин напаѓачот, како што соопшти компанијата, добил пристап до еден од нејзините системи и извршил неовластени повлекувања на средства.
„Нашиот безбедносен тим го следи целиот тек на нападот преку компромитираниот компјутер, кој можеби послужил како влезна точка за овој инцидент“, соопшти Бајнес.