Од идеја до наслови – основачи и инвеститори ја раскажуваат вистинската приказна за стартапите
Зад секоја успешна стартап приказна стои пат полн со предизвици: непроспиени ноќи, одбиени презентации, несогласувања, неочекувани промени на насоката на работењето... Вообичаено насловите во медиумите го пренесуваат само крајниот резултат – успехот, мошне ретко сè што се случило пред тоа. Овој настан е посветен токму на тој дел од приказната.
Настанот Startup Life: From Headaches to Headlines, закажан за 30-ти октомври со почеток во 18 часот во канцелариите на Сорсикс, на едно место ќе обедини основачи, инвеститори и идни претприемачи на искрен разговор за градење, скалирање финансирање и успешен exit на стартап.

Настанот ќе отвори искрен разговор за тоа што навистина е потребно за да се изгради, развие, финансира и успешно да се продаде еден стартап, низ искуствата на основачи и на инвеститори.
На панелот ќе учествуваат Тошо Трајанов (основач на Адева-сега Toptal), Ели Жабевска (инвестициски директор во South Central Ventures) и Никола Серафимовски (консултант за менаџмент и раст). По дискусијата следуваат прашања од публиката и неформално дружење за вмрежување.
Настанот е наменет за основачи на стартапи во сите фази, идни претприемачи, вработени во стартапи, ангел инвеститори и сите заинтересирани за стартап екосистемот. Учеството бара претходна регистрација, а бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место ОВДЕ.
За организаторот:
Global Macedonians е глобална заедница чија цел е да им помогне на професионалците да се поврзат, да учат едни од други и да напредуваат. Заедницата со повеќе од 80 членови од 3 континенти, досега има организирано 9 настани во Цирих, Њујорк, Бон, Сиетл, Лозана и Скопје.
--- промотивна објава ---