Рубрика: Метеорологија
Извештај за водостојот на Преспанско Езеро на ден 7 септември 2026 година
Автор: Дејан Трајковски
Објавено на 09.09.2026 - 12:30

Преспанско Езеро – поглед од плажата на Автокамп Крани

После обилната влажна сезона, сушната сезона за Преспанско Езеро годинава започна дваесетина дена порано, уште на 30 мај, од максимална кота –562 cm, не достигнувајќи ја максималната кота од 2024 година од –560 cm. Намалувањето на нивото за трите месеца од сушната сезона е во границите на просекот и досега изнесува –43 cm. До почетокот на влажната сезона на почетокот на декември се очекува намалување за уште 20 – 25 cm, односно до кота –620 ... –630 cm.

Оваа година сигурно нема да биде достигнат нов стогодишен минимум, благодарение на обилните врнежи во минатогодишната влажна сезона кога нивото се крена за дури 111 cm.

Иако годинава се очекува минимумот да биде околу 50 cm повисок од минатогодишниот минимум, тоа не значи дека надолниот тренд е реверзиран во нагорен, бидејќи претходните две години имавме аномалистички големо намалување на нивото, далеку поголемо од повеќегодишниот просек од околу 18 cm. Годинешниот минимум сепак ќе биде неколку сантиметри понизок од ланскиот минимум, доколку намалувањето одело со вообичаеното темпо од -18 cm годишно. Во однос пак на годинешниот теоретски минимум (долната зелена линија на трендот во декември 2026 година) нивото сепак ќе биде повисоко за околу 20 cm.

Трендот би можел да се промени во нагорен само доколку врнежливите сезони како ланската се повторат неколку години со ред, што е мошне малку веројатно, бидејќи претходната сезона беше исклучок што се случува само еднаш во 15 години.


Во однос на истиот датум еда година претходно, нивото на езерото е повисоко за 53 cm, но тоа тешко ќе направи пресврт бидејќи цели две години имавме годишно намалување за 50 – 55 cm.

Останува да видиме каков ќе биде ефектот на климатскиот феномен Ел Нињо што моментално се формира над јужниот Пацифик, најсилен во последните 150 години. Поради големата оддалеченост до Европа, ефектот кај нас ќе биде прилично слаб и непредвидлив. Сепак, повеќето климатски симулации предвидуваат блага зима и пролет, што веројатно ќе значи и помалку врнежи во претстојната влажна сезона.

Клучни зборови:
Преспанско Езеро – поглед од плажата на Автокамп Крани

Преспанско Езеро – поглед од плажата на Автокамп Крани Фото: Невенка Стојановска

Во однос на истиот датум еда година претходно, нивото на езерото е повисоко за 53 cm

Во однос на истиот датум еда година претходно, нивото на езерото е повисоко за 53 cm, но тоа тешко ќе направи пресврт бидејќи цели две години имавме годишно намалување за 50 – 55 cm.