Рубрика: Информатика
Галаксија – мојот прв персонален компјутер
Автор: Петар Николовски
Објавено на 24.08.2026 - 10:00

Компјутерот Галаксија се изработуваше по принципот “направи сам“

Во времето на поранешна Југославија, некаде во есента 1983 година, списанието ГАЛАКСИЈА од Белград ги извести своите читатели дека нивниот соработник Воја Антониќ дизајнирал персонален компјутер, подоцна наречен GALAKSIJA, наменет за аматери кои можат да го направат по принципот “Направи сам”. Илјадници аматери ширум тогашната држава ги засукаа ракавите и се нафатија самите да го изработат овој компјутер. Меѓу нив и нашиот соработник д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. Понатаму во текстот ви ги пренесуваме искуствата за самоградбата, како и неколку основни детали за самиот компјутер.

Во времето на поранешна Југославија, некаде во есента 1983 година, списанието ГАЛАКСИЈА од Белград ги извести своите читатели дека нивниот соработник Воја Антониќ дизајнирал персонален компјутер, подоцна наречен GALAKSIJA, наменет за аматери кои можат да го направат по принципот “Направи сам”.

Заинтересираните идни компјутерџии од списанието можеа да ги нарачаат и купат печатената плочка за матичната плоча, испрограмиран EPROM, тастерите за тастатурата и кутија за монтирање на целата конфигурација. Исто така имаше можност и за набавка на кит комплет заедно со електронските компоненти, но списанието имаше проблеми со увоз на некои од компонентите па потребните електронски компоненти, процесорот, чиповите, отпорниците итн., самоградителите најчесто мораа самите ги набават, снаоѓајќи секој како знае и умее. Компетниот проект со детално упатството за самоградба на GALAKSIJA излезе во декември 1983 г. во првиот број на списанието „Računari u vašoj kući“, со номинален датум “јануари 1984“.


Матичната плоча на компјутерот од долната страна.  Фото: Петар Николовски, лична архива


Дел од чипови, отпорници и останат материјал потребен за монтажа на компјутерот. Фото: Петар Николовски, лична архива

Со голем ентузијазам, но и со големи проблеми, во тек на повеќе месеци постапно почнав да ја намалувам листата на потребни компоненти, заради кои одев дури во Љубљана, Солун, Грац. Но, џамперите беа од домашно производство – сам ги изработив од изолирана жица.

Дотогаш немав работено со лемило, но предизвикот сам да си ја завршам работата беше голем, па се зафатив со лемење на компонентите строго според упатствотото во списанието ГАЛАКСИЈА. Резултатот е на фотографиите.


Комплетирана матична плоча во изработка на Петар Николовски. Фото: Петар Николовски, лична архива


Пред пакување во кутија во изведба на Петар Николовски. Фото: Петар Николовски, лична архива



Компјутерот ГАЛАКСИЈА во изведба на Петар Николовски. Фото: Петар Николовски, лична архива

Приклучен на телевизор и со касетофон со неколку програмчиња – игри креирани од авторот Антониќ и Дејан Ристановиќ, за живо чудо GALAKSIJA проработи “из цуга“.

Од тогаш до денес поседував цела галерија персонални компјутери, сукцесивно, од Sinclair ZX Spektrum 48k, Comodore 64 (надограден со Simons' BASIC), преку персоналци со процесори 286, 386, 486, до денешни современи машини.  Но, GALAKSIJA ми остана драг спомен, од која разбрав како машината може да го разбере програмерот, преку единствениот машински јазик.

 

Каков компјутер беше Галаксија?

На почетокот од 80-тите, во тогашна Југославија увозот на компјутери беше ограничен, а царините за техничка роба големи. Достапните модели на компјутери беа превисоки за повеќето луѓе. Ова го поттикна инженерот Воја Антониќ да конструира компјутер што ќе може лесно да се изработи дома, со компоненти што лесно можат да се набават во тогашната држава или од нејзиното непосредно соседство. Антониќ не се обидел да направи југословенска копија на најмоќните западни компјутери. Тој свесно жртвувал дел од перформансите за да добие поедноставен и поевтин хардвер. Вака се раѓа Галаксија – 8-битен компјутер заснован на процесорот Zilog Z80A, со 2 или 6 KB статички RAM, 4–8 KB ROM и можност за проширување на меморијата до 54 KB – едноставна и евтина машина за учење, програмирање и забава.


Воја Антониќ и Јова Регасек работат на матичната плоча на компјутерот Галаксија, Белград  1983-84 година

Печатената плочка беше еднослојна, со релативно мал број интегрирани кола и со повеќе краткоспојници. Компјутерот има софтверски управувано видео, па процесорот периодично го прекинува извршувањето на програмата за да генерира слика. Намерно бил избран и статички RAM, иако бил поскап и имал помал капацитет од динамичката меморија. Таквата меморија ја поедноставува конструкцијата и напојувањето и ја намалува можноста за грешка при самоградбата.



Оригиналната електрична и монтажна шема за изработка на компјутерот Галаксија беа реобјавени од PC Press во 2024 година по повод 40 години од објавата на оригиналниот текст во списанието Računari u vašoj kući кое го потегна целиот феномен на домашна изработка на компјутер во поранешна Југославија 

Иако Галаксија не беше најмоќниот компјутер на своето време, таа им овозможи на илјадници луѓе за достапна цена и малку вложен сопствен труд и трпение, да дојдат до функционален компјутер. Во специјалното издание „Računari u vašoj kući“, во декември 1983 година беа објавени шемите, упатствата и списокот на компоненти потребни за изработка на Галаксија. А што потоа?

Сопствениците можеа да ги зачувуваат програмите на обичен касетофон, а очекувањето беше корисниците да разменуваат програми и информации и да создадат своевидна заедница околу машината. И навистина беше така. Програмите се објавуваа во списанието, се емитуваа на радио, а корисниците ги “даунлодираа” на касети, се разменуваа програми и игри преку касети, а корисниците самите ги откриваа границите на машината. И токму тука лежи историската вредност на Галаксија.

Немаштијата изроди креативност, снаодливост, способност да се ужива во креациите направени со сопствени раце. Го едуцираше народот и твореше легенди. Една од тие легенди е и компјутерот Галаксија.

Дали некој од вас, драги читатели, го има изработено компјутерот Галаксија? Ако одговорот е да тогаш испратете ни фотографии од вашата Галаксија!

Клучни зборови:
Компјутерот Галаксија се изработуваше по принципот “направи сам“

Компјутерот Галаксија се изработуваше по принципот “направи сам“

Матичната плоча на компјутерот во изведба на Петар Николовски

Матичната плоча на компјутерот во изведба на Петар Николовски

Дел од чипови, отпорници и останат материјал потребен за монтажа на компјутерот

Дел од чипови, отпорници и останат материјал потребен за монтажа на компјутерот

Дел од материјалот потребен за монтажа на компјутерот

Дел од материјалот потребен за монтажа на компјутерот

Комплетирана матична плоча во изведба на Петар Николовски

Комплетирана матична плоча во изведба на Петар Николовски

Пред пакување во кутија - изработка на Петар Николовски

Пред пакување во кутија - изработка на Петар Николовски

ГАЛАКСИЈА готова за старт - изработка на Петар Николовски

ГАЛАКСИЈА готова за старт - изработка на Петар Николовски

ГАЛАКСИЈА готова за старт - изработка на Петар Николовски

ГАЛАКСИЈА готова за старт - изработка на Петар Николовски

Првиот број на Računari u vašoj kući - специјалното издание со детално упатство за самоградба на компјутерот Галаксија

Првиот број на Računari u vašoj kući - специјалното издание со детално упатство за самоградба на компјутерот Галаксија

Воја Антониќ и Јова Регасек работат на матичната плоча на компјутерот Галаксија, Белград 1983-84 година

Воја Антониќ и Јова Регасек работат на матичната плоча на компјутерот Галаксија, Белград 1983-84 година

Електричната шема на компјутерот Галаксија

Електричната шема на компјутерот Галаксија

Монтажната шема на компјутерот Галаксија

Монтажната шема на компјутерот Галаксија

Логото на компјутерот Галаксија

Логото на компјутерот Галаксија