Рубрика: Колумна
Земјата станува огнена планета
Автор: Ристо Цицонков
Објавено на 30.07.2026 - 17:15

Деновиве сме сведоци на големи шумски пожари во Шпанија и Франција, а огновите имаат зафатено илјадници хектари. Во Франција пожарите стигнале на околу 15 км од градот Бордо и заради опасноста по луѓето евакуирани се околу 220 000 жители. Интензивните пожари создале феномен на пламени облаци кои во чадот носат и зажарени честички, а носени од силен ветер ги шират пожарите уште повеќе. Во Шпанија има големи пожари во области близу Мадрид и Валенсија, а евакуирани се околу 100 000 жители. Пожари има и во многу други земји (Грција, Италија, ...) и можеме да кажеме дека Земјата станува огнена планета.

Во моментот кога го пишувам овој текст има нов топлински бран во југозападна Европа кој се движи и кон источниот дел, вклучувајќи ја и Република Македонија. Во Македонија има шумски пожари, но за среќа оваа година не се големи и надлежните служби релативно добро се справуваат со нив сега за сега. А се сеќавате како беше минатата година кога на сите телевизиски канали секој ден главен лик беше Стојанче Ангелов.

 


Пожарите во Шпанија. Фотографијата е направена од инструментот Flexible Combined Imager (FCI) на Meteosat-12 на 26 јули 2026 година. Тоа е комбинација од GeoColor RGB и Fire Temperature RGB. Fire Temperature RGB им овозможува на корисниците да идентификуваат каде се случуваат најинтензивните пожари и се ажурира на секои 10 минути. Метеоролошките сателити Meteosat обезбедуваат снимки за рано откривање на брзо развивачки лоши временски услови, временска прогноза и следење на климата. Фото: Метеосат

Речиси во сите извештаи за шумските пожари се спомнува дека главна причина се климатските промени кои создаваат екстремни временски појави: високи температури, топлински бранови, суши, силни ветришта, а тоа се погодни услови за создавање пожари. Климатските промени се причина и за други штетни последици: поплави, урагани, штети во земјоделството, но и предизвикување на илјадници човечки жртви.

Во текот на 2026 година над половина од територијата на Англија е зафатена со голема суша што е мошне невообичаено за таа земја. Големи суши има и во многу делови од Европа, а тие предизвикуваат загуби во земјоделството и пошироко во економијата. Многу реки имаат низок водостој со што се намалува производството на електрична енергија во хидроцентралите, но и во термоцентралите каде што водата се користи за ладење. Реката Дунав има рекордно низок водостој, а тоа го попречува речниот транспорт.

 


Се смета дека област најмалку четири пати поголема од Париз е оставена јагленосана од шумските пожари. Овие слики од мисијата Коперник Сентинел-2, направени на 26 јули, ја прикажуваат областа западно од Бордо, во југозападна Франција, каде што шумските пожари продолжуваат да горат селски површини, потпомогнати од ветер и топлотни бранови. Затемнетата област е видлива на сликата во вистински бои (лево) северно од внатрешниот залив Аркашон. На оваа слика, додадени се инфрацрвени податоци од Коперникус Сентинел-2 за да се прикажат активните пожари, особено во центарот и на врвот од сликата. Втората слика (десно) е слика од Сентинел-2 со лажни бои, која ја истакнува вегетацијата во црвена боја и јасно го прикажува изгорениот пејзаж во темно кафеава боја - што не треба да се меша со заливот Аркашон и двете езера на врвот од сликата, кои исто така се појавуваат како темни области. Фото: ЕСА / CC BY-SA 3.0 IGO ESA Standard Licence

Може да се заклучи дека суштината на проблемот е како да се намалат и спречат климатските промени. Се работи за многу сложен проблем кој официјално почна да се третира од 1988 година со формирањето на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC). Во 1992 година е донесена Рамковна конвенција за климатски промени во рамките на Обединетите Нации (UNFCCC) според која секоја година се организира Конференција на страните (СОР) со цел борба против климатските промени.

Во 2015 година со меѓународен консензус беше донесен Парискиот договор, обврзувачки документ со кој се бара секоја земја да постави своја национална цел за ограничување на емисиите на стакленички гасови. Но, САД се повлекоа од него во првиот мандат на претседателот Доналд Трамп (2017 г.) и во вториот мандат (2025 г.) и плус тој донесе мерки со кои се стимулира производството на фосилни горива. Според него климатските промени се “голема измама“, а тоа е спротивно на мислењето на научниците, вклучувајќи ги и тие од неговата земја.

Но, односот на САД кон климатските промени им овозможува на многу земји да имаат образложение за продолжување и зголемување на нивното производство на фосилни горива. Изненадува Канада со изјавите на нејзиниот премиер дека неговата земја ќе стане „енергетска суперсила“ преку раст на производството и извозот на фосилни горива во наредните години. Така, борбата против климатската криза сега се чини дека целосно исчезна во Канада.

Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг (тело на ОН), во јули 2025 г. донесе пресуда според која државите имаат обврска да ја заштитат животната средина од емисиите на стакленички гасови. Генералното собрание на ОН во мај 2026 г. со огромно мнозинство изгласа резолуција со која се потврдува одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Текстот на резолуцијата на ОН вклучува усвојување на национален план за климатска акција за ограничување на глобалната температура под 1,5 оС до 2100 г.; постепено укинување на употреба на фосилни горива.

За жал, меѓународното право не го почитуваат и големи моќни земји кои проповедаат демократија и право како што ним им одговара. Кај нив владее интересот за профит од моќните мултинационални компании во енергетскиот сектор, како и во воено-индустрискиот сектор. Затоа, сведоци сме на чести енергетски и воени кризи во светот.

Научните опсерватории во светот покажуваат дека има континуирано зголемување на концентрациите на стакленички гасови. Во 2025 година во атмосферата се емитирале 38,5 Gt (Гига-тони) СО2, најмногу до денес. Тоа значи дека глобалното затоплување уште повеќе ќе расте, ќе се појават уште поекстремни температури, топлински бранови и пожари, а симболично кажано Земјата станува огнена планета.

Клучни зборови:
Пожарите во Шпанија. Фотографијата е направена од инструментот Flexible Combined Imager (FCI) на Meteosat-12 на 26 јули 2026 година.

Пожарите во Шпанија. Фотографијата е направена од инструментот Flexible Combined Imager (FCI) на Meteosat-12 на 26 јули 2026 година. Тоа е комбинација од GeoColor RGB и Fire Temperature RGB. Fire Temperature RGB им овозможува на корисниците да идентификуваат каде се случуваат најинтензивните пожари и се ажурира на секои 10 минути. Метеоролошките сателити Meteosat обезбедуваат снимки за рано откривање на брзо развивачки лоши временски услови, временска прогноза и следење на климата. Фото: Метеосат

Се смета дека област најмалку четири пати поголема од Париз е оставена јагленосана од шумските пожари.

Се смета дека област најмалку четири пати поголема од Париз е оставена јагленосана од шумските пожари. Овие слики од мисијата Коперник Сентинел-2, направени на 26 јули, ја прикажуваат областа западно од Бордо, во југозападна Франција, каде што шумските пожари продолжуваат да горат селски површини, потпомогнати од ветер и топлотни бранови.
Затемнетата област e видлива на сликата во вистински бои северно од внатрешниот залив Аркашон. На оваа слика, додадени се инфрацрвени податоци од Коперникус Сентинел-2 за да се прикажат активните пожари, особено во центарот и на врвот од сликата.
Фото: ЕСА / CC BY-SA 3.0 IGO ESA Standard Licence

Се смета дека област најмалку четири пати поголема од Париз е оставена јагленосана од шумските пожари.

Се смета дека област најмалку четири пати поголема од Париз е оставена јагленосана од шумските пожари. Овие слики од мисијата Коперник Сентинел-2, направени на 26 јули, ја прикажуваат областа западно од Бордо, во југозападна Франција, каде што шумските пожари продолжуваат да горат селски површини, потпомогнати од ветер и топлотни бранови.
Втората слика е слика од Сентинел-2 со лажни бои, која ја истакнува вегетацијата во црвена боја и јасно го прикажува изгорениот пејзаж во темно кафеава боја - што не треба да се меша со заливот Аркашон и двете езера на врвот од сликата, кои исто така се појавуваат како темни области.
Фото: ЕСА / CC BY-SA 3.0 IGO ESA Standard Licence