Рубрика: Информатика
Мета лансира поевтина палета на паметни очила со ВИ
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 25.06.2026 - 21:45

Новите Мета очила ќе можат да се набават почнувајќи од 299 американски долари. Ова ги прави многу подостапни од очилата со Ray-Ban дисплеј од 800 долари, лансирани минатата година.

Компанијата што го поседува Фејсбук инвестираше милијарди долари во потрагата по „персонализирана интелигенција“, обложувајќи се дека напредните гаџети и електрониката ќе ги донесат придобивките од вештачката интелигенција за индивидуалните корисници. Иако се создадени во соработка со Luxottica, очилата од новата палета се први што не можат да се поврзат со ниту еден од популарните брендови на оваа компанија, какви што се Ray-Ban или Oakley.

Очилата доаѓаат во нови бои и форми, вклучувајќи правоаголен изглед и тенка овална колекција рамки дизајнирана во партнерство со медиумската личност Кајли Џенер.

Уредите ќе бидат и први очила со ВИ од Meta лансирани со Meta AI напојувана од Muse Spark – прв модел што излегува од нивниот Superintelligence Labs.

Успехот на очилата на Мета ги поттикна и другите технолошки компании како Google (GOOGL.O), и Apple (AAPL.O), за развој на слични уреди. Според податоците од Data ​Corporation, глобалната испорака на паметни очила достигнала 9,6 милиони парчиња минатата година, при што уделот на Мета во колачот изнесува 76%.

Најавата за Meta Glasses доаѓа само една недела откако сопственикот на Snapchat, Snap (SNAP.N), лансираше пар очила со проширена реалност по висока цена од 2195 долари. Сепак, очилата на Snap ја преклопуваат дигиталната содржина со реалниот свет на корисникот, додека очилата на Мета овозможуваат прикажување на текст и интеракција со вештачка интелигенција.

Клучни зборови: