Рубрика: Астрономија и астронаутика
Фото на неделата: Венера и младата Месечина над Охрид
Автор: Скопско Астрономско Друштво
Објавено на 19.06.2026 - 13:15

За да се создаде ваква фотографија не е доволно само врвно фотографско знаење, туку и одлично познавање на теренот, како и прецизно планирање на астрономскиот настан.

Пред два дена Венера и младата Месечина беа привидно многу блиску една до друга на вечерното небо и привлекоа внимание кај многу луѓе кои го овековечија моментот со своите мобилни телефони. Но, Стојан Стојановски, авторот на оваа фотографија, направи нешто повеќе од тоа.

За да ја реализира оваа снимка, тој морал однапред да пресмета од која точка треба да фотографира, со прецизност од само неколку метри. Потоа требало да пристигне на локацијата во точно определено време, да ја постави опремата и да го дочека краткиот момент кога небесните тела ќе се најдат во посакуваната положба.

Резултатот е фотографија која изгледа токму онака како што била замислена. Благодарение на внимателното планирање и успешната реализација, денес можеме да уживаме во привидната блиска средба на Венера и Месечината над Самуиловата тврдина во Охрид.

Клучни зборови: