Рубрика: Електротехника
Дали иднината навистина е во електричните возила?
Автор: Зоран Т. Ивановски
Објавено на 17.06.2026 - 19:30

Изглед на Axial Flux електромотор

Развојот на новите Axial Flux електромотори покажува дека технолошката револуција допрва започнува. Овие мотори можат да произведуваат околу 25 киловати моќност при вртежи до 18 000 вртежи во минута, а со маса од само 4 килограми можат да достигнат и до 100 киловати, односно околу 136 коњски сили.

Една од најимпресивните карактеристики е односот моќност-маса. Кај најновите генерации се достигнуваат и до 35 киловати по килограм, што е повеќе од 20 пати подобар однос од типичните мотори со внатрешно согорување. Тоа значи дека возилото не мора да носи стотици килограми непотребна маса за да добие високи перформанси, што директно влијае на ефикасноста, потрошувачката и управувањето.

Споредба на аксијален и радијален електромотор

Радијален и аксијален електромотор и флуксот на магнетоното поле

Најголемата предност е нивната компактност. Поради малата тежина и димензии, моторот може да биде вграден директно во самото тркало, со што се ослободува простор во возилото и се намалуваат механичките загуби кои денес постојат кај класичните погонски системи.

Дополнително, ваквите мотори се погодни за масовно производство. Во иднина тие би можеле да се испорачуваат како стандарден модул, слично како што денес се произведуваат диск-сопирачките, при што еден модел би можел да одговара на голем број возила со слична тежина.

Градба на аксијален електромотор

Нивната примена не е ограничена само на автомобилската индустрија. Сè поголем интерес постои и во авијацијата, особено кај беспилотните летала. Војната во Украина покажа дека дроновите станаа еден од најзначајните фактори на современото војување, а лесните и моќни електромотори се клучен дел од нивниот развој.

Технологијата напредува со огромна брзина. Прашањето повеќе не е дали електричните возила се иднината, туку колку брзо таа иднина ќе стане сегашност.

Зоран Т. Ивановски - основач и сопственик на SkyFabrik Technologies

Клучни зборови:
Изглед на Axial Flux електромотор

Изглед на Axial Flux електромотор

Споредба на аксијален и радијален електромотор

Споредба на аксијален и радијален електромотор

Градба на аксијален електромотор

Градба на аксијален електромотор

Анимација за составните делови на аксијален електромотор

Анимација за составните делови на аксијален електромотор

Радијален и аксијален електромотор и флуксот на магнетоното поле

Радијален и аксијален електромотор и флуксот на магнетоното поле