Иако почетокот на конференцијата е закажан за крајот на септември, нашите пријатели од тимот на eSecurity Conference се веќе длабоко навлезени во подготовките. Јубилејното 10 издание ќе се одржи во периодот од 29 септември до 2 октомври оваа година во Карбон Евент Центарот во Белград, а конференцијата којашто оваа година одбележува 10 години постоење, во текот на овие четири дена повторно ќе ги собере на едно место експертите, компаниите и партнерите од областа на кибер безбедноста.
За годинава фокусот на конференцијата ќе биде ставен на вештачката интелигенција во кибер-безбедноста, заштитата на податоците, дигиталните измами и современите безбедносни предизвици.

Очекуваме деталната агенда да биде објавена нешто подоцна, но засега можеме да известиме за накратко за планираниот концепт на конференцијата кој игледа вака:
• Ден 1: стручен тренинг и едукација
• Ден 2 и 3: конференциска програма исполнета со предавања, панели и нов “stand-up security” формат
• Вечера посветена на вмрежување: поврзување на партнерите, предавачите и учесниците
• Ден 4: workshop/demo day наменет за практична демонстрација на решенија и технологии
Посебен дел од конференцијата претставува иницијативата “HackOrBeHacked”, во формат на – CTF / security game со интерактивни предизвици и гејмифициран пристап.
Имајќи предвид дека секоја година сè поголем број професионалци од Македонија земаат учество во оваа конференција, ЕМИТЕР заедно со нашите пријатели од eSecurity Conference на својата публика им обезбедува можност за 15% попуст на котизацијата со употреба на кодот ESECURITY2026EMITER при пријавата за учество преку на сајтот https://esecurity.rs/sign-up/