Ова е трет дел од написите кои преку анализата и пресметки ја расгледуваат можноста за искористување на локалитетот Сува Гора за изградба на реверзибилна електрана. Во овој дел се дадени конкретни пресметки со конкретни вредности, добиени по посета на теренот...
На 18.5.2026 година заедно со професорот Дејан Трајковски и двајца пријатели отидовме да ја посетиме вдлабнатина на планината Сува гора над акумулационото езеро за ХЕЦ Козјак, за која повеке од една и пол година зборуваме и ја анализираме.
Со кола отидовме до пред Тетево, а оттаму нѐ презеде пријателот Јилми Бакију, кој живее во Тетово, а роден е токму во најблиското село на оваа вдлабнатина – Гургурница, денес сопственик на фирмата Jilmi-SM-Doel. Тој со неговиот џип ни овозможи да го видиме теренот на лице место. Ја користам оваа прилика да изразам голема благодарност до Јилми Бакију, бидејќи без неговата помош искачувањето и добивањето податоци практично ќе беше невозможно на таков терен.


Од сѐ криво ми е што десетина видеа што ги снимав со коментари, ми ги снема на телефонот, но тоа не е недостаток за овој напис.
Од резултатите прикажани подолу, коишто ги добив со анализа, се уплашив дали е ова возможно или некаде правам голема грешка. Но, решив да ги објавам моите пресметки.
Вдлабнатината има облик на сегмент од топка со горен дијаметар од околу 1 километар. Проценката е направена со помош на Google Earth.

ПРЕСМЕТКИ
ВАРИЈАНТА 1: Треба да го пресметаме волуменот на вода, што сегментот од топка со дијаметар на основата од 1 км и висина од 70 метри го овозможува. Овие 70 метри ги земам затоа што поминавме на најниската точка на обиколните сртови и со апликација на телефонот ја регистрирав висината од 1420 метри. Најниската точка лесно се наоѓа на Google Earth и таа изнесува околу 1350 метри.
За пресметка на сегмент од топка важи формулата:
V=πh^2(3R−h)/3
каде:
h=70 m е висина на сегментот (вдлабнатината има облик на сегмент од топка, енвелопа); R е радиусот на целата топка од кој овој сегмеент е отсечок; и радиусот на основата е a=500 ma = 500 , (бидејќи дијаметарот е 1 km)
Прво го наоѓаме радиусот (R) на топката по формулата :
R=(a^2+h^2)/(2h)
Со вредностите:
R=(500^2+70^2)/(2×70) =
R=(250000+4900)/140 ≈1820.7m
Потоа волуменот на сегментот се пресметува со формулата:
V=π⋅70^2⋅(3⋅1820.7−70)/3 ≈27300000m3
Односно:
Волумен ≈ 27,3 милиони m³ вода
Во претходната анализа на оваа тема (види тука и тука) имавме пресметано дека за висинска разлика од 800m, секој милион кубик вода во акумулирана енергија има околу = 2,18GWh.
Значи без никаква додатна брана оваа вдлабнатина би акумулирала 27,3 × 2,18 = 59,514 GWh
Само за да се сфати колку е тоа, aко трите блока во РЕК БИТОЛА произведуваат во просек 0,6GWh на час, односно 24 х 0,6 = 14,4GWh на ден, значи оваа вдлабнатина можe 59,5 : 14,4 = 4,13 дена континуирано да ја испорачува оваа снага
ВАРИЈАНТА 2: Ако, колку што видовме на лице место во должина од околу 150m, на најнискиот дел со кота од 1420 метра (останатите делови од вдлабнатина имаат висина и по 200m повисоко) се догради брана во висина од 30 метра и висината на цел резервоар се подигнe од 70 на 100m, волуменот би бил
За овој случај да претпоставиме грубо дека додаваме уште еден цилиндар со дијаметар 1000 метри и висина 30 метри.
За волумен на цилиндар важи формулата:
V=πr^2h
Дијаметарот е D=1000 m; начи радиусот r=500 m; Висина h=30 mh = 30;
Пресметка:
V=π⋅500^2⋅30 =
V=π⋅250000⋅30 V≈23561945m3
Значи волуменот е приближно≈ 23.6 милиони m³ вода. Тоа е околу 23,6 милијарди литри вода.
Значи при 70 m → ≈ 27,3 милиони m³; при 100 m → ≈ 39,8 + 23,6 = 63,4 милиони m³
Дополнителните 30 m висина додаваат W = 23,6 x 2,18 = 51,448GWh
Целосниот волумен би бол V= 27,3 + 23,6 = 60,9 милиони метри кубни
Односно волуменот на можната акумулирана вода одприлика се дуплира, а со тоа и акумулираната енергија би била околу E = 59,5 + 51,4 =110,9GWh
ШТО ИМА ВО СВЕТОТ
Најголемата реверзибилна хидроелектрана (пумпно-акумулациона електрана) во светот е Фенгнинг (Fengning), лоцирана во провинцијата Хебеј во Кина. [1, 2]
Клучни детали за електраната:
Инсталирана моќност: 3600 MW (3,6 GW).
Капацитет на складирање: Околу 40 GWh енергија во нејзиниот горен резервоар.
Опрема: Располага со 12 реверзибилни пумпно-турбински единици, од кои десет се со фиксна, а две со променлива брзина.
Функција: Служи како огромна “водена батерија” која ја балансира електричната мрежа и складира вишок енергија од огромните ветерни и соларни паркови во регионот. [1, 2, 3, 4, 5, 6]
Со овој капацитет, таа ја надмина дотогаш најголемата електрана од овој тип во светот – Bath County во САД (3.003 MW). [1, 2]
Повеќе технички и историски информации за овој глобален енергетски проект можете да најдете на официјалниот портал на International Hydropower Association.
ЗАКЛУЧОК
На Сува Гора без никаква дополнителна брана се добива резервоарски тип на електрана којашто е поголема од најголемата во светот. Како што погоре рековме со мала доградба од 30 метра додатна брана, таа се дуплира.
Илија Бендевски
Дипл. Ел. Инж