Рубрика: Физика
Молњата – космички спектакл скриен во облаците?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.05.2026 - 22:00

Кога небото ќе се осветли со молња, тоа изгледа како едноставна искра што ја раздвојува темнината. Но, овој моментален блесок крие комплексна приказна што научниците ја истражуваат со генерации, приказна што станува сè позагадочна со секое ново откритие.

Долго време физиката ја објаснуваше молњата како резултат на силни електрични полнежи во облаците. Според класичната теорија, тие полнежи мора да достигнат околу три милиони волти по метар за да се случи празнење. Но, мерењата упорно покажуваат дека облаците имаат многу послаби полнежи – доволни за да создадат напон, но не и за да предизвикаат толку моќен блесок. Тоа е како да гледаме врата што никогаш не е доволно отворена, а сепак некој постојано влегува низ неа. Па, кој е мистериозниот ‘дух’ што ја отвора вратата за молњата?

Истражувањата откриваат дека ледените кристали и иглички во облаците можат да го засилат локалното поле, создавајќи микроскопски жаришта на енергија. Во тие жаришта, електроните се забрзуваат до брзини блиски до светлината. Овие “електрони-бегалци” не се обични – тие предизвикуваат лавини од честички, кои пак емитуваат гама-зраци. Замислете: во секој облак над нашите глави се случуваат минијатурни експерименти што наликуваат на оние во најмоќните акцелератори на честички на Земјата.

Но, ова не е целосната приказна. Во оваа ‘магија’ се вклучува и космосот. Космичките зраци од далечните ѕвезди и галаксии непрекинато навлегуваат во нашата атмосфера. Кога ќе се судрат со облаците, тие можат да создадат експлозии на енергија доволни да иницираат молња. Така, секој блесок што го гледаме можеби е поврзан со некоја далечна космичка катастрофа – експлозија на ѕвезда или судир на црни дупки, оддалеченои со милиони светлосни години од нас.

Во 2023 година, НАСА испрати авион од типот ER-2 над тропските бури, опремен со детектори за гама-зраци. Наместо само молњи, инструментите регистрираа цел спектар на зрачења – блесоци, треперања, па и невидливи емисии што се случуваа без видлива искра. Тоа беше како да се открие еден нов скриен свет во облаците, свет којшто постојано пулсира со енергија.

Подоцнежните лабораториски симулации покажале дека лавини од електрони можат доволно да го засилат полето за создавање на молња. Радио-антените во Ново Мексико снимиле молњи што не се движат строго по линиите на електричното поле, што укажува на други надворешни влијанија за потеклото на оваа појава. И токму тука приказната ги надминува границите на нашата планета и станува космичка.

Имено, космичкото зрачење коешто потекнува од далечните ѕвезди и галаксии непрекинато навлегува во нашата атмосфера. Кога овие зраци ќе се судрат со облаците, тие можат да поттикнат експлозии од енергија доволни големи за да иницираат молња. Па така, секој блесок што го гледаме на небото можеби е поврзан со некоја далечна космичка катастрофа – експлозија на ѕвезда или судир на црни дупки, оддалечена со милиони светлосни години од нас.

Сево ова ја менува нашата перцепција. Молњата веќе не претставува само природен спектакл што го гледаме од прозорецот. Таа е мост помеѓу Земјата и космосот, процес што ги поврзува облаците над нас со најекстремните феномени во универзумот. Во блесокот на една молња сосема извесно го гледаме одразот на енергијата којашто се изнедрила милиони светлосни години подалеку од нас, а сепак го завршила нејзиното патешествие токму тука, креирајќи неверојатен небесен спектакл ‘само за нас’.

Извор Quanta Magazine

Клучни зборови: