Рубрика: Информатика
Нова генерација на кибер-заштита – помалку аларми, побрза реакција
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 09.04.2026 - 00:30

Кибер заканите стануваат сè пософистицирани, а цел на нападите повеќе не се само големите компании. Организации од сите големини се соочуваат со напади што користат автоматизација и вештачка интелигенција, додека безбедносните тимови често работат со ограничени ресурси и со преголем број неповрзани предупредувања. Во таква средина, фокусот на индустријата се поместува кон обединување на безбедносните алатки и попаметна анализа на податоците.

Наместо традиционалниот пристап кој генерира голем број поединечни аларми, новите решенија настојуваат да ги поврзат информациите од различни извори – крајни уреди, мрежа и клауд-окружувања – и да ги претворат во јасни и приоритетни инциденти.

Посебна улога има примената на вештачка интелигенција, која овозможува не само побрза детекција, туку и предвидување на потенцијалните чекори на напаѓачите. Со тоа, безбедносните тимови добиваат можност да реагираат проактивно, пред да дојде до сериозна штета. Благодарение на можноста за поврзување на податоците за инциденти од различни извори (крајни уреди, мрежа и податоци) се овозможува поефикасен одговор на современите закани. Пример за ваков пристап е платформата Symantec CBX, која обединува повеќе безбедносни функции во единствен систем.

Интегрираната платформа обезбедува напредна заштита на крајните уреди, мрежата и податоците, особено прилагодена е за организации кои се соочуваат со закани на ниво на големи системи, но немаат развиени и ресурсно богати безбедносни оперативни центри.

Платформата користи вештачка интелигенција за поврзување на податоците од различни точки на напад (крајни уреди, мрежа, податоци, клауд и идентитет), претворајќи голем број поединечни предупредувања во јасни и доверливи инциденти.

Експертите оценуваат дека ваквите решенија ќе играат клучна улога во наредната фаза од развојот на кибер безбедноста, каде брзината и јасноста на реакцијата стануваат подеднакво важни како и самата детекција на нападите.

Клучни зборови: