Интернет заедницата денес е место без многу доверба, каде мора да се води сметка за тоа што работите и каде ги оставате своите податоци, бидејќи сѐ може да ви се врати и да ве “чукне по глава”. А ова се однесува и на кибер-криминалците, кои може да се фатат и да завршат во затвор, открива Јулија Новикова шеф на одделот за дигитален отпечаток на компанијата „Касперски“.
Ви пренесувме делови од интервјуто на Јулија Новикова од Касперски за РТС
Кои се најопасните трендови моментално на dark web и во апликациите?
Постојат повеќе закани што доаѓаат од сајбер криминалците. Од фишинг напади до софистицирани кампањи, особено насочени кон компании, но на крајот целта на сите овие кампањи и активности е да се извлече профит, пари од поединечни корисници или компании како целина, па затоа монетизацијата е клучна за сајбер криминалците.

Која е најлошата работа што во текот на вашата кариера сте ја виделе на dark web?
Тоа е добро прашање, но би рекла дека најлошата работа што сум ја видела во текот на мојата кариера не е директно поврзана со dark web-от, туку се однесува всушност на реакциите на корисниците или компаниите што се соочуваат со закани од dark web. Најлошото нешто што можат да го направат е да платат откуп на кибер криминалците или да изгубат милиони затоа што не биле подготвени или не биле свесни за заканите што доаѓаат од dark web-от.
Со оглед на тоа што dark web има и незаконска употреба, каква е разликата во заштитата на комуникацијата меѓу поединци, компании, заштитата на деловните податоци во споредба со стандардните комуникации?
Би рекла дека кибер-криминалците сега се соочуваат со истиот проблем, постои криза и во нивната комуникација, тие мора да си веруваат едни на други, но денешната интернет заедница е едноставно област каде нема доверба, мора да бидете свесни, да проверувате што правите, како и каде ги објавувате вашите податоци, бидејќи сè може да се искористи против вас а ова важи и за кибер-криминалците, кои можат да бидат фатени од органите на прогонот и да завршат во затвор.
Неодамна спроведовте истражување за апликацијата Telegram. Дали оваа апликација е погодна за организирање нелегални активности?
Најчесто е спротивно, Telegram е популарна комуникациска апликација, која содржи неколку функции. Кибер-криминалците ја прилагодуваат на своите потреби, успеваат да ја користат за своите потреби и активности, па понекогаш може да се поврзе со платформи на dark web или нешто слично. Всушност, постојат повеќекратни канали, комуникациски платформи што кибер-криминалците подеднакво ги користат.
Ако го земеме за пример споделувањето на датотеки, кибер-криминалците ги споделуваат датотеките меѓу себе и ги користат речиси истите платформи, истите канали како и обичните корисници, во спротивно не би го сметале тоа за ресурс на dark web-от. Ова значи дека корисниците можат да користат нормални апликации, нормални услуги, бидејќи dark web-от е претежно [организиран] како заедница, а не како специфична апликација или специфична платформа.