Рубрика: Астрономија и астронаутика
Воведен курс по астрономија 2026
Објавено на 02.03.2026 - 10:45

Со почеток од 9 март 2026 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Предавањата се одлична можност да се запознаете и со работата на друштвото и, доколку сакате, да им се придружите како членови.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставиме преку секојдневни примери, со многу слики и анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Преземено со дозвола на Скопското астрономско друштво. Фото: САД/ Боби Кузмановски

Оваа година за првпат во склоп курсот по астрономија ќе биде вклучен и дел посветен на астрофотографијата. Ќе дознаете како се фотографираат објекти од Сончевиот Систем, а како објекти од длабокото небо.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – понеделник и среда , во училната 122 на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 18 часот и 30 минути.

Курсот ќе започне на 9 март (понеделник). Предвидени се 10 термини, од кои два надвор од ФЕИТ: во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и едно теренско набљудување на ноќното небо.

За да се пријавите на курсот неопходно е да го пополните следниот формулар. Цената на курсот е 2500 денари и се уплаќа пред почетокот на првото предавање.

Во цената се вклучени:
• скрипта со материјали од курсот;
• посета на Планетариумот;
• набљудувања со телескопи;
• Сертификат за посетување на курсот

За студентите од ФЕИТ и МФ (со приложен индекс) курсот чини 1500 денари.

Важно: Курсот не го препорачуваме за деца под 14 години.

За повеќе информации пишете на kontaktastronomija@gmail.com или јавете се на 076 439 027.

Клучни зборови:

<p>Преземено со дозвола на Скопското астрономско друштво. Фото: САД/ Боби Кузмановски</p>

<p>Преземено со дозвола на Скопското астрономско друштво. Фото: САД/ Боби Кузмановски</p>