Рубрика: Астрономија и астронаутика
Денес на ПМФ јавно астрономско набљудување
Автор: Скопско Астрономско Друштво
Објавено на 26.02.2026 - 10:45

Скопското астрономско друштво во соработка со Македонското астрономско друштво, денес (26.2.2026 година) на Природно-математички факултет при Институтот за физика организира јавно набљудување на Месечината, Јупитер и најсјајната ѕвезда на ноќното небо Сириус, со надеж дека ќе успееме да ја видиме и неговата придружничка ѕвезда (бело џуџе) Сириус Б.

Набљудувањето ќе започне во 18 часот и ќе трае до 21 часот. Добредојдени се сите кои сакаат да погледнат низ телескоп и да уживаат во убавините на небесните објекти. Набљудувањето ќе се реализира со три телескопи.

Локација кај ќе бидат поставени телескопи: https://maps.app.goo.gl/6bupyRSz7devZrNq8

Клучни зборови: