Рубрика: Биологија
Што е горна граница за одгледување на земјоделски култури?
Објавено на 24.12.2025 - 14:15

Горна граница за одгледување на земјоделски култури се дефинира како тесен појас на одредена надморска висина над која не е можно одгледувањето на каков било вид земјоделска култура. За исти растителни култури во разни области на Земјата таа е на нееднакви височини, а тоа зависи од климатската зона во која се наоѓа областа.

Со долготрајни истражувања и анализи е утврдено дека јачменот е висински рекордер. Горната висинска граница на Земјата до која е можно тој да се одгледува изнесува дури 4646 метри (во Тибет и Каеракорум). А во продолжение ви пренесуваме уште некои поспецифични надморски височини (покрај издвоената) на коишто јачменот вирее: 

На големиот Кавказ и Ерменската висорамнина до 2500 метри, на Тјан-шан до 2750 метри, на Карпатите до 1200 метри, на швајцарските Алпи до 2000 метри, на Хиндукуш до 3400 метри, во Монголија до 2100 метри, во западна Кина до 4000 метри, на источните Хималаи до 4600 метри, во североамериканските Кордиљери до 3100 метри, во венецуелските Анди до 3700 метри, во колумбиските Анди до 3700 метри, на северозападните Хималаи до 4600 метри.

Од другите култури:
• 
пченицата успева на Алтај до 1500 метри, на Тјан-шан до 2500 метри, на западен Памир до 3300 метри, на Хиндукуш до 3400 метри, на Етиопската висорамнина до 3600 метри;
• компирот се одгледува до височина од 4400 метри во перуанските Анди, а во чилеанските Анди, во тропскиот појас до 3800 метри.

 

Извор panoptikum.mk

Клучни зборови: