Рубрика: Омнибус
Природно-математичкиот факултет одбележа 79 години постоење
Објавено на 18.12.2025 - 12:45

Природно-математичкиот факултет во Скопје го одбележа денот на факултетот, 16 декември, кога е основана една од најстарите и најважните високообразовни институции во Македонија.

Свеченоста се одржа во амфитеатарот „Ордан Печијаре“, при што свое обраќање имаа деканот на Факултетот, проф. д-р Даворин Трпески, како и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова.

На свеченоста беа доделени признанија на петтемина вработени на факултетот, што се пензионираа во 2025 година (проф. д-р Ленка Цветановска, проф. д-р Џоко Кунгуловски, проф. д-р Драган Колчаковски, проф. д-р Ненад Новковски и вишиот лаборант Круно Блажевски) и едно признание за 20-годишна работа на Факултетот, виш лаборант Томислав Начоски.

Исто така, деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески, ги промовираше и новите 39 магистри и дипломирани студенти од соодветните институти, при што им врачи признанија на најдобрите студенти.

За најдобар студент беше прогласен Михаил Трајков со просек 9,95, дипломиран студент на Институтот за хемија, на студиската програма: Применета хемија.

Дополнително, на секој од институтите на факултетот беа доделени и дипломите на дипломираните студенти.

Клучни зборови: