... или како да го протолкувате говорот на телото и вокализациите на вашиот миленик
Стереотипот за домашните миленици е дека кучињата се одлични комуникатори, додека мачките се порезервирани, мистериозни и невозможни за разбирање. Реалноста е очигледно многу поинаква: мачките исто така имаат широк и експресивен јазик, кој исто така научиле да го прилагодат на домашниот живот – на пример, возрасните мачки не комуницираат едни со други со мјаукање, туку го прават тоа кога треба да ‘разговараат’ со човек.
Студијата објавена во Frontiers in Ethology нуди стандардизиран тест што овозможува да ја тестирате вашата способност за разбирање на мачешкиот јазик. Тестот, можете да го направите и на страницата на The Conversation, додуша во (многу) скратена верзија. Особено интересни, како што ќе видиме, се резултатите добиени од стотиците луѓе кои работеле директно со тимот за да го завршат целиот тест.

Студијата опфатила 368 луѓе на кои им биле прикажани серија од видеа со интеракции помеѓу човек и мачка. Половина од видеата прикажувале позитивна интеракција, додека другата половина содржеле серија повеќе или помалку експлицитни сигнали што укажувале дека мачката е под стрес, дека ѝ е здодевно или дека сака да биде оставена сама. Од човечките учесници било побарано да го идентификуваат расположението на животното, но и тие самите би реагирале и “искомуницирале” со животното доколку самите се наоѓаат пред конкретната мачка.
Во кратки црти, резултатите покажуваат дека ние луѓето сме мошне успешни во читањето на позитивните сигнали, но потешко ги толкуваме негативните. Несомнено постојат знаци кои е невозможно погрешно да се протолкуваат: кога се соочуваме со видеа во кои интеракциите се класифицирани како „екстремно негативни“, 366 од 368 луѓе правилно го идентификувале расположението на мачката. Меѓутоа, кога сигналите станале посуптилни, процентите на точно препознавање на расположението драматично се намалиле – 73% од учесниците барем еднаш го ‘прочитале’ погрешно.
Освен ако немате феноменално познавање на јазикот на мачката, тестот може да ви помогне да идентификувате многу од знаците што укажуваат дека интеракцијата што ја имате со вашата мачка им предизвикува стрес. Набројувањето на сите би било предолго, но некои од најочигледните се положбата на ушите и на очите, напнатоста на телото и брзите движења на опашката. Општо земено, едно од најважните правила е дека кога мачката што не сака да игра треба да се остави сама, бидејќи нема да ја предомислите.
Што се однесува до „правилата за интеракција“, авторите на студијата за почеток наведуваат пет. Првото се однесува на начинот на кој ја допирате мачката. Имено, постојат одредени делови од телото (шепите, основата на опашката) кои секогаш се забранети и, генерално, треба да се избегнува играње со рацете. Исто така, треба да научите да ја читате положбата и движењето на опашката и на ушите (особено ако вторите се “стругнати” односно “залепени” за главата, тоа е знак дека треба да ја оставите мачката сама) и да ги толкувате вокализациите: “мрмкањата“ се позитивен знак, додека фрктењето и ржењето дефинитивно не се. Конечно, најважното правило: штом почувствувате дека вашата мачка е барем малку напната, оставете ја на мира; таа ќе дојде при вас кога таа ќе посака.