Рубрика: Астрономија и астронаутика
Астрономите ја решија топлата загатка на Сончевата корона
Автор: Даниел Анастасов
Објавено на 05.11.2025 - 11:30

Истражувачите решија загатка стара околу 70 години во сончевата физика: како надворешната атмосфера на Сонцето, короната, може да достигне температури од милиони степени целзиусови, додека неговата видлива површина (фотосферата) само околу 5500 °C.

Еден тим научници-истражувачи сега директно детектирал мали торзиони Алфвен бранови (извиткани движења на плазмата по линиите на магнетното поле) што циркулираат низ короната. Досега, беа забележани само големи изолирани Алфвен бранови, обично околу сончеви ерупции, а не сеприсутните фини размери потребни за да се објасни широко распространетото загревање.

Артистички приказ на Сончевата сонда Паркер лансирана од НАСА во 2018 за набљудување на Сонцето.

Користејќи ги инструментите со висока резолуција на соларниот телескоп Даниел К. Инује на Хаваи за мерење на Доплеровите поместувања на супер-загреаното железо во Сонцето, како и податоците од сончевата сонда Паркер на НАСА, истражувачите ги одделија доминантните нишачки движења на плазмата од извитканите и го открија потписот на овие торзиони бранови.

Извитканите движења можат да транспортираат енергија нагоре и да ја одложат во короната, со што придонесуваат и за екстремните температури и помагаат во движењето на сончевиот ветер што се движи кон Земјата.

Овој научно истражувачки пробив обезбедува валидација за теориите за загревање на бранови турбуленции во сончевата атмосфера и носи импликации за подобрување на прогнозирањето на вселенското време истовремено овозможувајќи подобри модели за тоа како магнетната и плазма динамиката на Сонцето влијаат врз геомагнетната средина околу нашата планета.

Клучни зборови:
Артистички приказ на Сончевата сонда Паркер лансирана од НАСА во 2018 за набљудување на Сонцето.

Артистички приказ на Сончевата сонда Паркер лансирана од НАСА во 2018 за набљудување на Сонцето.