Вечерва Скопското астрономско друштво организира групно набљудување на две комети – кометата Лемон (C/2025 A6) и кометата Свон (C/2025 R2).
Скопското астрономско друштво ќе постави телескоп во близина на ресторанот “Аурора“ кај браната Козјак, на околу 40 километри јужно од Скопје. Телескопот ќе биде поставен на приближно 100 метри западно од ресторанот. Линк до локацијата каде ќе биде поствен телескопот тука Набљудувањето ќе започне во 18 часот. Кометата Лемон (C/2025 A6) ќе може да се гледа до околу 20 часот, додека Кометата Свон (C/2025 R2) ќе остане видлива до приближно 21 часот.

Фото: Скопско астрономско друштво
Сите што планираат да дојдат, треба да ги паркираат возилата во близина на ресторанот, а потоа пешки да се упатат до телескопот, поради тоа што светлата од автомобилите би пречеле при набљудувањето. Исто така присутните треба да се воздржат од користење светла и мобилни телефони во близина на телескопот, бидејќи светлината ја нарушува видливоста на небесните објекти низ телескопот.
Со оглед на тоа што локацијата е на надморска височина од над 1000 метри и имајќи ги предвид ниските вечерни температури, кои се предвидува да бидат само неколку степени над нулата, сите заинтересирани за оваа активност треба да понесат топла облека.
Временската прогноза ветува прекрасно небо и ретка можност да се видате обете комети!