JWST обезбеди неверојатен увид во SIMP-0136, самотна планета оддалечена приближно 20 светлосни години од Земјата.
За разлика од планетите врзани за ѕвезди, планетите скитници како SIMP-0136 слободно лебдат низ Вселената. Студијата објавена минатата недела во Astronomy and Astrophysics ги презентираше наодите добиени со користење на напредните инструменти на JWST со цел да се испита атмосферскиот состав на планетата, варијациите во температурата и активноста на поларната светлина.
SIMP-0136 покажува уникатен атмосферски феномен познат како термичка инверзија, при којашто температурите се зголемуваат со надморска височина, што е во остра спротивност со атмосферската структура на Земјата.
Горната атмосфера на планетата е загреана од интензивна поларна светлина, слична на Земјината поларна светлина, но во многу поголем обем. Овој тип на поларна светлина е поттикнат од силното магнетно поле на планетата, кое ги забрзува наелектризираните честички, што резултира со набљудуваната термичка инверзија.
Уметнички приказ на планетата SIMP-0136 Извор: Википедија/Chuck Carter, Caltech, NRAO/AUI/NSF Лиценца CC BY 4.0
Набљудувањата на JWST открија дека атмосферата на SIMP-0136 е постојано покриена со облаци составени од силикатни зрна, слични на песок од плажа, а не на капки вода или кристали од мраз. Брзиот период на ротација на планетата од само 2,4 часа овозможува континуирано набљудување на нејзината атмосферска динамика, обезбедувајќи вредни податоци за нејзините временски каркактеростики и состав на атмосферата