Вештачката интелигенција брзо менува сè, вклучително и авторските права. Станува сè потешко да се направи разлика помеѓу дело создадено од човек или она создадено со вештачка интелигенција. Како да се надминат овие предизвици и законски да се регулира употребата на вештачката интелигенција?
Д-р Седрик Манара, директор за авторски права во Google, неодамна понуди свое видување на оваа проблематика.
“Авторските права се измислени во 19 век. Во тоа време, имало многу малку писатели, малку сликари, малку скулптори, а законите за авторски права биле дизајнирани имајќи го предвид ограничен број творци. Денес, со интернетот, имаме луѓе кои пишуваат блогови, прават мемиња, фотографираат – секој е креатор”, вели тој.
Според Манара денес вистинскиот предизвик за авторските права е да се прилагодат не само на еден процент од професионалните креатори, туку и на 99 проценти од корисниците, кои споделуваат и создаваат содржина онлајн.
Од друга страна денес , вештачката интелигенција може да генерира текст, видео, музика и што уште не, па дополнителен предизвик е разграничувањето на дела кои се плод на човечката креативност и дела создадени од вештачка интелигенција. Со оглед на тоа што луѓето денес честопати во креативниот процес користат вештачка интелигенција, се поставува пашањето како би можеле ние, како општество, да препознаеме што е создадено исклучиво со помош на вештачката интелигенција а што е создадено од луѓе?
“Во Google, нашата мисија е да организираме информации,” вели Манара и продолжува: “И мислиме дека ова е важно прашање. Затоа решивме дека сè што е создадено со користење на алатките на Google, односно генерирано од вештачката интелигенција на Google, ќе носи невидлива ознака наречена ‘Thins ID’, која ќе им помогне на сите да препознаат дали делото е создадено од вештачка интелигенција или од човек.”
Со цел да се балансира потребата на корисниците за слободен пристап до информации, од една страна, и должноста да ги заштитат авторите и носителите на права, глобалниот тим за авторски права на Гугл, под водство на д-р Седрик Манара. Тие се одговорни за заштитата на авторски права во рамките на огромната палета од разновидни услуги на Гугл – пребарување, заработка со креирање на видео и аудио содржини на YouTube, или пласирање на софтвер и апликации на Google Play.
“Самата разновидност на нашите производи е одговорот на прашањето како осигуруваме дека секој може да заработи пари од креативност, почитувајќи ги авторските права. На Google Search, веќе отстранивме повеќе од 12 милијарди врски до страници што водат до пиратска содржина”, открива д-р Манара.
“На YouTube, имаме систем што ги спречува корисниците да поставуваат содржина што не е нивна. Мислам дека е клучно да разбереме дека ВИЕ сте премногу важни за да не се регулира, но дека е подеднакво опасно да се регулира лошо. Затоа сметам дека соработката помеѓу Google и владите ширум светот е начин да се обезбеди квалитетна регулатива”, заклучува Манара.