Рубрика: Омнибус
Одбележување на денот на Македонската независност, 8-ми септември во Варшава – Полска
Автор: Даниел Анастасов
Објавено на 10.09.2025 - 12:15

Пречекување гости

Денот на независноста на Македонија, 8-ми септември беше пригодно одбележан во Варшава, Полска, со настан организиран од Македонската амбасада.

На настанот кој се одржа на 8-ми септември присуствуваа бројни претставници на дипломатскиот кор, претставници на општествениот живот на Полска, претставници на македонските здруженија како и македонски државјани и пријатели на Македонија кои живеат и работат во Полска.

Пречекување гости

Со поздравен пригоден говор се обрати амбасадорот Јасмин Ќахил, во кој ги истакна важноста и значајноста на македонско-полските релации и непосредната блискост на двете земји. Беше истакната важната економска соработка како и туристичките посети на полските туристи во Македонија кои се меѓу трите најбројни што ја избираат нашата земја за своја дестинација.

Поздравен говор на амбасадорот Јасмин Ќахил

Модераторка на настанот беше култната глумица од Полската кинематографија, г-ѓа Малгоржата Потоцка, која се обрати на полски, англиски и одличен македонски јазик, при што ја истакна својата вљубеност во македонската култура и нашата земја воопшто.

Говор одржа и директорката на Одделот за Европа во Полското МНР, Агњешка Ковалска, во кој се заблагодари за широката соработка на двете земји а пред сè за ангажираноста и посветеноста на Македонија во одбрамбените механизми и НАТО, при што даде големо значење на улогата на нашата земја од самиот почеток на војната во Украина и придонесот кон Европската безбедност.

Говор на директорката на Одделот за Европа во Полското МНР, Агњешка Ковалска 

На приемот, покрај претставници на околу 40 амбасади, меѓу другите присуствуваа и потпретседателот на Групата за пријателство и пратеник во Сејмот, поранешниот МНР на Полска, Шимон Шињковски, поранешниот Премиер на Полска, во чиј мандат Полска влезе во ЕУ, Лешек Милер, како и претставници на музеите во Аушвиц и во Треблинка.
За културниот дел од настанот се погрижи полскиот музички состав „Шарена“, кои изведуваат музика од балканското поднебје, а за оваа прилика имаа приготвено репертоар од десетина песни од нашиот богат фолклор. Следуваше коктел на кој беа послужени јадења од нашата кујна и вкусни вина од винаријата Попова Кула.

Настап на Полскиот музички состав 'Шарена' со изведба на македонски песни

Коктел и неформалниот дел од настанот

За организацијата на овој настан помогнаа спонзорите: ASSECO, Ecolog, INVENIO, и винаријата Попова Кула, како и поединци кои несебично се вклучија со свој придонес.
 

Клучни зборови:
Пречекување гости

Пречекување гости

Пречекување гости

Пречекување гости

Поздравен говор на амбасадорот Јасмин Ќахил

Поздравен говор на амбасадорот Јасмин Ќахил

Говор на директорката на Одделот за Европа во Полското МНР, Агњешка Ковалска

Говор на директорката на Одделот за Европа во Полското МНР, Агњешка Ковалска 

Настап на Полскиот музички состав 'Шарена' со изведба на македонски песни.

Настап на Полскиот музички состав 'Шарена' со изведба на македонски песни.

Коктел и неформалниот дел од настанот

Коктел и неформалниот дел од настанот