Рубрика: Астрономија и астронаутика
Нов тип на темна материја?
Објавено на 14.03.2025 - 00:45

Млечниот пат гледан од Националниот парк Сахама во Боливија, област со мало светлосно загадување

Необјаснетите хемиски реакции забележани во центарот на нашата матична галаксија Млечен Пат, можеби се предизвикани од постоењето на вид темна материја којашто современата физика не ја земаше предвид, барем досега.

Во центарот на нашата галаксија се сместени огромни облаци од позитивно наелектризиран водород, што со децении претставуваат мистерија за научниците, бидејќи нормално гасот е неутрален“, вели Шјам Балаџи (Shyam Balaji) од Кралскиот колеџ во Лондон и еден од водечките автори на новиот труд објавен во Physical Review Letters. „Па, што обезбедува доволно енергија за да ги избие негативно наелектризираните електрони од нив?

Астрономите ја нарекоа оваа област на облаци со јонизиран водороден гас Централна молекуларна зона (ЦМЗ).

Енергетските потписи што зрачат од овој дел од нашата галаксија укажуваат на постојан, разбрануван извор на енергија што го прави токму тоа, а нашите податоци велат дека тој можеби потекнува од многу полесна форма на темна материја од онаа вклучена во сегашните модели“, вели Балаџи.

Досегашните обиди да се објасни јонизацијата се потпираа на космичките зраци, со ултрабрзи и енергични честички. Но, енергетските потписи забележани во ЦМЗ не се доволно големи за да се припишат на космичките зраци. Она што може да ги дефинира е нов кандидат за темната материја.

Слика од ноќното небо над Паранал, Чиле на 21 јули 2007 година, направена од астрономот на ЕСО, Јуриј Белецки. Видлив е широк појас на ѕвезди и облаци од прашина, кои се протегаат на повеќе од 100 степени на небото. Ова е Млечниот Пат, галаксијата на која и припаѓаме. Во центарот на сликата се видливи два светли објекти. Најсветлата е планетата Јупитер, додека другата е ѕвездата Антарес. Се гледаат три од четирите телескопи од 8,2 метри кои го формираат VLT на ESO, со ласер кој зрачи од Јепун, телескопската единица број 4. Ласерот покажува директно кон Галактичкиот центар. Видливи се и три од помошните телескопи од 1,8 метри кои се користат за интерферометрија. Времето на експозиција е 5 минути и бидејќи следењето е направено на ѕвездите, телескопите се малку заматени. Фото: ЕСО, CC BY 4.0

Темната материја е супстанција на која, според гравитационите набљудувања, отпаѓа околу 85% од целата материја во универзумот. Темната материја никогаш не била директно откриена, со оглед на тоа што таа едвај комуницира со „нормалната“ видлива материја. Најдобрата работна теорија за тоа што е темната материја предлага дека супстанцијата се состои од група честички наречени „Слабо интерактивни масивни честички“ (Weakly Interacting Massive Particles – WIMP).

Тимот на Балаџи предлага дека честичките од темната материја може да бидат многу полесни отколку што тоа досега се сметаше. Оваа нова теорија за чудните процеси во срцето на Млечниот Пат би можела да помогне за да се објасни природата на темната материја.

Потрагата по темна материја е една од најважните цели на науката, но многу од експериментите се одвиваат на Земјата, чекајќи со испружени раце темната материја да дојде до нив“, вели Балаџи. „Со набљудување на центарот на нашиот Млечен Пат, водородниот гас во ЦМЗ укажува дека можеби сме поблиску до идентификување на докази за можната природа на темната материја“.

Извор Cosmos

Клучни зборови:
Млечниот пат гледан од Националниот парк Сахама во Боливија, област со мало светлосно загадување

Млечниот пат гледан од Националниот парк Сахама во Боливија, област со мало светлосно загадување. Фото: Ale RaFlo|Википедија, CC BY SA 4.0

Слика од ноќното небо над Паранал, Чиле на 21 јули 2007 година, направена од астрономот на ЕСО, Јуриј Белецки.