Рубрика: Информатика
Босна и Херцеговина и Србија се двете најранливи европски земји кога станува збор за кибер напади
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 25.02.2025 - 16:45

Компанијата за кибер безбедност во облак, Cloudle, објави рангирање во кое што Босна и Херцеговина, Србија и Албанија рангирани како најранливи нации на континентот кога станува збор за облак кибер-безбедноста, известува Euronews.

Со резултат на ризик од 71%, најранлива од сите е Босна и Херцеговина, која забележала речиси девет милиони упади во облачните системи во последните две децении, што ја прави изложена на најголем ризик од кибер напади со оглед на нејзината големина. Босна и Херцеговина, исто така, има најнизок резултат за подготвеност за кибер одбрана.

По Босна следат Србија и Албанија, кои имаат вкупен резултат на ризик од 69% и 67%, соодветно. Сепак, и Србија и Албанија имаа многу повисоко ниво на одбранбена готовност.

Велика Британија се рангирала на четвртото место во однос на вкупните ризици поради големиот број проценети пробивања на облакот во текот на изминатите две децении – повеќе од една милијарда.

Италија е втора по големина европска економија меѓу најпогодените земји, со речиси 800 милиони проценети прекршувања. Италија, сепак, може да смета на високо ниво на дефанзивна подготвеност, за што добила 88 од 100 поени.

Ранливостите откриени во земји како Босна и Херцеговина и Србија ги истакнуваат критичните празнини во инфраструктурата за кибер безбедност на кои им треба итно внимание“, рекол извршниот директор и основач на Cloudle, Акаш Махаџан. Мораме да му дадеме приоритет на образованието за кибер безбедноста и да спроведеме силни мерки за заштита на податоците бидејќи продолжуваме повеќе да се потпираме на технологиите на облак. Ова вклучува редовни безбедносни контроли, програми за обука на вработените и усвојување на напредни технологии за шифрирање“, вели тој.

Клучни зборови: