Рубрика: Информатика
Редит забранил линкови од социјалната мрежа X
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 06.02.2025 - 14:30

Редит забрани споделување линкови на платформата X откако Маск направи нешто што на многумина им наликуваше на нацистички гест. Приличен број на популарни корисници на Reddit силно го критикуваа ваквото однесување во јавноста.

Заедниците на Reddit ги запрашале своите корисници дали врските кон X Network треба да бидат забранети по овој настан на што повеќето од нив одговориле потврдно. Во некои заедници, оваа одлука била донесена од модераторите.

Ставот на заедницата на Редит е дека X станува премногу токсичен и исполнет со омраза и ова е истакнато како причина зошто заедниците не сакаат да имаат никаков контакт со оваа мрежа.

Повеќе од 100 заедници го презедоа овој чекор, а потоа трендот почна да се шири низ мрежата. Заедниците каде што врската кон X сè уште е дозволена спроведуваат анкети за можна забрана.

Клучни зборови: