Рубрика: Информатика
Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 21.01.2025 - 14:00

Старо-новата прва дама, Меланија Трамп лансираше криптовалута во пресрет на инаугурацијата на нејзиниот сопруг за претседател на САД. Соопштението доаѓа откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја лансираше криптовалутата $Trump. Цената на обете монети порасна, но потоа обете забележаа нестабилна трговија.

„Официјалниот мем на Меланија е во оптек! Можете да купите $Melania сега“, објави таа на социјалната платформа X во неделата.

Оградувањата на веб-локациите на монетите $Trump и $Melania велат дека тие "не се наменети или претставуваат предмет на" инвестициска можност или обезбедување.

Според веб-страницата CoinMarketCap, $Трамп има вкупна пазарна вредност од околу 12 милијарди американски долари, додека $Melania "вреди" околу 1,7 милијарди долари.

Трамп претходно ги нарекуваше криптовалутите "измама", но во текот на изборната кампања минатата година стана првиот претседателски кандидат што прифати дигитални средства како донации. За време на кампањата, неговото семејство лансираше компанија за криптовалути наречена World Liberty Financial, којашто цели кон тоа да стане предводник на "финансиската револуција со демонтирање гушењето од традиционалните финансиски институции", а иствремено продава и крипто монети.

Новата Трамп монета беше лансирана од филијалата на организацијата Трамп CIC Digital LLC, која е поврзана со претходните продажби на колекционерски крипто NFT-а лансирани во 2022 година, кои тогаш заработија милиони долари, но оттогаш до сега нивната вредност драстично падна за нивните сопственици. Имено, според CoinGecko, NFT-ата некогаш се продавале за повеќе од 1000 долари, но оттогаш нивната вредност паднала на околу 300 долари.

Во текот на кампањата Трамп исто така велеше дека ќе создаде стратешки залихи на биткоин и ќе назначи финансиски регулатори кои заземаат попозитивен став кон дигиталните средства. Тоа ги поттикна очекувањата дека тој ќе ги укине регулативите за крипто индустријата.

Во пресрет на победата на Трамп, вредноста на Биткоинот скокна на рекордно високо ниво од околу 109 000 долари, според платформата за крипто тргување Coinbase.

Другите криптовалути, вклучително и Dogecoin, промовирана од Илон Маск, исто така драстично пораснаа оваа година.

За време на претседателствувањето на Џо Бајден, регулаторите изразија загриженост за измама и перење пари, поради што се впуштија во сузбивање на крипто компаниите, со тужби и за берзите за размена на крипто.

Растот на Dogecoin значително го зголеми интересот за таканаречените мим-монети – криптовалути обично поврзани со вирален интернет тренд или момент. Мим-монетата на Меланија доаѓа од нејзината сопствена компанија МКТ Ворлд ДОО – фирма што таа ја користи од 2021 година за различни бизнис потфати, вклучително и продавање портрети од неа како прва дама.

Мим-монетите може да ги креира и лансира секој, а постојат илјадници. Со нивниот профил и присуство на социјалните мрежи, монетите Трамп и Меланија веќе се најдоа во топ 100 крипто монети по вредност, а монетата на Меланија во моментов вреди повеќе од криптовалутата Worldcoin на претприемачот со вештачка интелигенција Сем Алтман.

Клучни зборови: