Маглината Пламена ѕвезда е осветлена од блиската ѕвезда AE Aurigae во соѕвездието Кочијаш (Auriga). Каталогизирана како IC 405, оваа блескава маглина припаѓа на групата емисиони и рефлексиони маглини и се наоѓа на приближно 1500 светлосни години од Земјата.
Маглината Пламена ѕвезда е доволно светла за да може да се набљудува и фотографира преку мал телескоп под соодветни услови. IC 405 е извонредна цел за астрофотографија поради неговиот уникатен состав и комбинација на бои.
Фотографијата е направена на 28.12.2024 година, во селото Радибуш кај Ранковце. Направени се 37 фотографии со 5-минутна експозиција, кои подоцна беа споени заедно и дополнително обработени за да се истакнат деловите од маглината коишто се слабо видливи.
Фотографија: Христијан Петрески и Радан Митровиќ; Обработка: Боби Кузманоски и Радан Митровиќ