Когнитивностa е свесен ментален процес на усвојување на знаења и разбирање преку сопствено искуство. Когнитивните процеси вклучуваат: внимание, перцепција, размислување, формирање на знаења, памтeње, донесување на соодветни заклучоци и активности за решавање на проблеми.
Кога бевме мали учевме дека свесноста и когнитивноста е својствена само за луѓето, а другите живи суштества имаат само инстинкти и ништо друго. Но, дали тоа е навистина така?
На видеото подолу може да се види како мравките и луѓето решаваат сличен проблем. Во обата примера задачата е да се пренесе еден геометриски објект преку неколку простории. Геометрискиот објект е така направен да не може едноставно да се протне низ отворите помеѓу просториите.
Кај мравките геометрискиот објект е премачкан со феромони на начин што мравките мислат дека тоа е храна и се обидуваат да го внесат во просторијата каде ја складираат храната во рамките на својата колонија. А за тестот да биде фер, на луѓето кои учествуваат во овој научен експеримент не им е дозволено да зборуваат меѓусебно, затоа што и мравките ја немаат таа способност.
Резултатот е изненадувачки.
Резултатите од истражувањето на оваа тематика се објавени во PNAS