Американскиот милијардер Илон Маск објави дека неговата приватна сателитска интернет мрежа Старлинк сега функционира во Косово.
Во октомври, Регулаторната управа за електронски и поштенски комуникации (ARKEP) на Косово објави дека ја овластила американската компанија Starlink да обезбеди пристап до интернет до која било локација во Косово.
Косовскиот премиер Албин Курти на 22 декември рекол дека доаѓањето на Starlink е важен чекор за подобрување на дигиталната инфраструктура на земјата. „Старлинк се покажа како неверојатно важен во овозможувањето критични комуникации за време на природни катастрофи или други национални итни случаи“, објави тој на Фејсбук.
Сателитите Старлинк можат да се забележат како светли точки што во една линија 'дисциплинирано' се движат на ноќното небо
Со Старлинк, Косово ќе има корист од непрекинат интернет, на секој агол на територијата, дури и во итни ситуации.
Имено, Старлинк има околу 6000 сателити, кои се наоѓаат на околу 500 километри над Земјата, во ниската орбита на Земјата. Ова значи дека тие се околу 65 пати поблиску до Земјата од традиционалните стационарни сателити и за разлика од нив, сателитите Старлинк постојано се движат и обезбедуваат доцнењето на комуникацијата да биде 10 пати помало.
Членот на одборот на АРКЕП, Резарта Дураку Ризај, во ноември за Радио Слободна Европа изјави дека лиценцата за работа на Старлинк е важен чекор кон подобрувањето на дигиталната инфраструктура во Косово.