Рубрика: Металство и машинство
AI & CAD/CAM експанзијата е на повидок
Автор: Томе Скендеровски
Објавено на 23.12.2024 - 15:30

CAD/CAM AI моделите симулираат 2D и 3D геометрија со висока прецизност и точност

Нема дилеми, вештачката интелигенција без скрупули и мошне агресивно навлегува во проектирањето и конструирањето со помош на компјутери (CAD), како и во производството потпомогнато од компјутери (CAM). Причините за тоа се добро познати: зголемување на продуктивноста преку намалување на времето на дизајнирање и производство, а што е многу важно, и понудата на опционални решенија за конкретен проблем согласно синергиски поставените основни ВИ начела –  способноста за учење, располагање со огромна база статистички податоци и тренирање/обука на ВИ системот.

Од страна на купувачите има огромен интерес за овие иновативни комбинирани пакети на компјутерски поддржано проектирање и производство. Autodesk е фирмата која се впушти во овој храбар чекор кој веќе не може да се одложува. Околу 12 000 посетители на нивните презентации пројавиле интерес за пакетот. На спрегата AI и CAD геометријата работеле повеќе од 10 години. Основното мото е: вештачката интелгенција треба да ја подобри човечката генијалност а не да ја замени!

CAD/CAM AI моделите симулираат 2D и 3D геометрија со висока прецизност и точност нужни за современото поимање на проектирање и производство на нов производ. 

Системот генерира потполно ограничени скици, минимизирајќи ги грешките во параметарското моделирање. Потоа, помагаат во препознавањето и класификацијата на предметите, подобрувајќи го барањето на сличности за фундирање (спарување) при дизајн на производот. Исто така, се работи на напредна и трансформативна вештачка интелигенција во истражувањето која ќе ја подобри креативноста и ќе ги „оживее“ идеите кои гледаат во иднината.

Без сомнение, оваа фузија на вештачката интелигенција со стандардните алатки за проектирање и производство нуди неограничени креативни можности, големи заштеди, досега невидена прецизност во изработката на производите и сведување на грешките на минимум. Само така може да се остане конкурентен на пазарот.

Клучни зборови:
CAD/CAM AI моделите симулираат 2D и 3D геометрија со висока прецизност и точност

CAD/CAM AI моделите симулираат 2D и 3D геометрија со висока прецизност и точност нужни за современото поимање на проектирање и производство на нов производ.