Мајкрософт повторно има проблеми со оперативниот систем Windows 11.
Поради неодамна откриената грешка, Windows 11 24H2 можеби нема да ви дозволи да уживате во игрите и аудио-содржините на начин што е предвиден кај одредени уреди. И ова не е прв пат да се случи нешто вакво. Софтверскиот гигант досега неколку пати го паузираше објавувањето на Windows 11 24H2, и секогаш за тоа имаше различни причини.
Последната ваква одлука дојде откако неколку корисници известија дека перформансите на игрите и аудиото се влошиле по ажурирањето на Windows 11 24H2, што значи дека Microsoft же ја стопира понудата за засегнатите уреди сè дури проблемот не се реши.
Како што наведува Microsoft Learn, погодени се компјутерите со овозможен AutoHDR кои не ги прикажуваат сосема соодветните бои за време на играта. Уште полошо, некои игри може да престанат да реагираат сами од себе. Но, за ова има привремено решение. сè што треба да направите е да го исклучите AutoHDR во Settings > System > Display > Graphics.
Всушност, ако веќе сте го ажурирале вашиот компјутер на Windows 11 24H2 и не сакате да се вратите на постара верзија, единствен начин да уживате во игрите на вашиот компјутер е да ја оневозможите поставката AutoHDR.
Но, проблемот со звукот е многу полош, бидејќи за него нема решение. Во друг документ, Мајкрософт потврдува дека добил поплаки дека интегрираните звучници на уредот, Bluetooth звучниците и Bluetooth слушалките престанале да работат по ажурирање на новата верзија на Windows 11.
Корисниците исто така се пожалиле дека многу апликации не успеале да ги препознаат овие аудио уреди по ажурирањето, а по истрагата, компанијата откри дека проблемот влијае на уредите што содржат Dirac Audio со датотеката cridspapo.dll.
Оние кои имаат софтвер Dirac Audio и сè уште не го ажурирале Windows-от нема да го видат ажурирањето 24H2 додека проблемот не се реши.