Како што пишува глобалниот магазин Conde Nast Traveler, Турција се нашла на врвот на листата од десет најгуглани туристички дестинации, додека Хрватска е рангирана на 10 место. Листата се креира според редовното истражување и податоците од Google во врска со пребарувањата на туристички дестинации во последните 12 месеци.
Истакнувајќи дека истите десет земји забележале и најголем пораст на пребарувања на Google, следено од година во година, споменатиот магазинот посочува дека тие може да послужат како добра инспирација за преземање патување во 2025 година.
На врвот на најпребарувани туристички дестинации на Google во 2024 година е Турција, за која велат дека не била во првите десет во 2023 година, но повторно се наметнала со разновидност, наследство, храна и хотели од светска класа, додека втора е Грција, која секогаш ги инспирира сите патници. На третото место е Малта, која стана, додаваат, хит европски остров со длабока историја и убавина. Четвртото место го задеде “никогаш здодевната” Италија, додека петта најгуглана декстинација е Египет. Шеста е Португалија, а седмата земја со најмногу Google пребарувања за патување во 2024 година е Кипар. Зад него се Мексико на осмото место и Маурициус на деветтото место, кои покрај Египет се единствените не-европски земји помеѓу десетте најпребарувани дестинации на Google во 2024 година.
Се забележува и дека Хрватска постепено се стекна репутација за европска туристичка дестинација и дека е „подостапна дестинација за одмор од некои соседните земји“. Притоа се препорачува обиколка на нејзините острови, особено Корчула, која како што велат во магазинот им е омилена, но и истражување на внатрешноста на земјата и гурманските понуди околу Сплит или Загреб, како и посета на Дубровник опкружен со историските ѕидини. За плажите во Хрватска посочуваат дека тие се „вистинското место“со повеќе од четири илјади километри крајбрежје.