Рубрика: Омнибус
Природно-математичкиот факултет одбележа 78 години постоење
Објавено на 18.12.2024 - 13:00

На 16 декември Природно-математичкиот факултет, една од најстарите и најважните високообразовни институции во Македонија, свечено го одбележа својот 78 роденден.

На свеченоста беа доделени признанија на двајца вработени што се пензионираа во 2024 година (Ратка Стојановска и Златко Костадиновски) и едно признание за непрекината 20-годишна работа на Факултетот на проф. д-р Свемир Горин.

Деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески, ги промовираше новите 23 магистри и им врачи признанија на најдобрите студенти. За најдобар студент беше прогласена Душица Брачиќ, со просек 10, дипломиран студент на Институтот за етнологија и антропологија.

Дополнително, на секој од институтите на факултетот беа доделени и дипломите на дипломираните студенти.

Клучни зборови: