Рубрика: Информатика
Лока добитник на наградата „AWS Партнер за Иновации на Годината“
Објавено на 05.12.2024 - 10:00

Лока, консултантска фирма за софтвер со главно седиште во Силиконската долина, која веќе 20 години испорачува иновативни решенија, ја освои наградата за Партнер за Иновации на Годината за Северна Америка за 2024 година. Наградата го признава извонредното корисничко искуство што го обезбедува Лока преку интегриран циклус на услуги, почнувајќи од иницијални проценки, архитектура, развој и имплементација на облачни околини, па сè до континуирана миграција и управување со облачна инфраструктура и апликации. Ова признание е дел од Наградите за Географски и Глобални AWS Партнери за 2024 година, кои ги истакнуваат лидерите ширум светот што играат клучна улога во помагањето на клиентите да ја унапредат иновацијата и да создадат решенија врз основа на Amazon Web Services (AWS).

Наградата беше објавена за време на Гала-вечерата за доделување награди на AWS re:Invent 2024. Географските и Глобалните AWS Партнер Награди ги признаваат
избраните AWS Партнери кои покажуваат посветеност кон специјализација, иновација и соработка, додека истовремено напредуваат со AWS и им помагаат на своите клиенти. Во текот на 2024 година, Лока идентификуваше и разви случаи на употреба, вклучувајќи персонализирани препораки со помош на Генеративна AI (GenAI), комплексни миграции на AWS за подобрување на трошоците и безбедноста, како и модернизација на апликации за компании од здравствениот до финансискиот сектор. Големото искуство на Лока во забрзување на откривањето на лекови во животните науки (life sciences) беше клучно за освојувањето на оваа престижна награда, што ја направи да се издвојува меѓу повеќе од 100,000 партнери ширум светот.

Наградата за Партнер за Иновации на Годината е круна на неверојатна година за Лока“, изјави основачот и извршен директор на Лока, Боби Мукерџи. „Од минатата година, Лока постигна три технички компетенции на AWS, вклучително и првата GenAI Компетенција, и доби статус на AWS Premier Tier. Оваа награда потврдува дека нашите иновативни решенија се во рамките на претходните добитници како IBM, Slalom и Deloitte.“

Наградите за Географски и Глобални AWS Партнери вклучуваа процес на самономинирање во неколку категории, доделени на географско и глобално ниво. Сите AWS Партнери беа поканети да учествуваат и да поднесат номинација. Пријавите беа разгледани од страна на трета организација, Canalys, со посебен акцент на успешните случаи на корисници.

Партнерството со Лока беше лесен избор за нас во Cameo. Нивната експертиза во GenAI, ML и AWS, заедно со индустриски увид и извонредна грижа за клиентите, ги прават исклучителни меѓу консултантските фирми. Нè помагаат да го унапредиме искуството на нашите корисници при пребарување и прегледување, додека обезбедуваат доверливо, долгорочно партнерство за иновации“, изјави Дом Скандинаро, CTO на Cameo.

WS Partner Network (APN) е глобална програма фокусирана на помагање на партнерите да иновираат, да го забрзаат своето патување кон облакот и целосно да ги  искористат широчината и длабочината на AWS.

Лока е консултантска фирма која испорачува услуги и иновации во AI/ML, DevOps, дизајн и анализа на големи податоци од 2004 година. Со главно седиште во Силиконската долина, Лока е специјализирана за индустрии како здравството и животните науки, каде прецизноста и брзината се најважни. Како AWS Premier Tier и AWS Partner of the Year, Лока обезбедува пристап до AWS алатки и ексклузивно финансирање, помагајќи им на клиентите побрзо и поефикасно да ги донесат своите проекти на пазарот. Истражете го нашето влијание на loka.com/aws/partneroftheyear

--- промотивна објава ---

Клучни зборови: