Рубрика: Омнибус
Oxford го прогласи Brain rot за збор на годината 2024
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 03.12.2024 - 15:15

Речникот Оксфорд го прогласи Brain rot (труење на мозокот) за збор на годината 2024-та. Изборот се должи на загриженоста поради бескрајното скролање на социјалните мрежи и содржините кои го затапуваат умот.

Brain rot или труење на мозокот се дефинира како „наводно влошување на нечија ментална или интелектуална состојба, особено како резултат на прекумерна изложеност на информации (а сега особено на онлајн содржини) коишто се сметаат за тривијални или непредизвикувачки“.

Како што извести Гардијан, повеќе од 37 000 луѓе гласале за еден од шестте зборови што влегле во потесниот избор на Oxford University Press, издавачот на Оксфордскиот речник.

Секоја година, Оксфорд го објавува зборот на годината, кој во претходните години вклучуваше „rizz“, „goblin mode“, „vax“ и „climate emergency “, со цел да ги одрази моменталните расположенија и трендови. 

Претседателот на Oxford Languages, Каспер Гретвол, рекол дека труењето на мозокот зборува за една од согледаните опасности од виртуелниот живот и за тоа како го поминуваме слободното време. Фасцинантно е што зборот е усвоен од генерацијата Z и Алфа, заедниците кои се во голема мера одговорни за употребата и создавањето на дигиталната содржина на која се однесува терминот“, вели Гретвол.

Во потесен избор за збор на годината се најдоа термините „ demure“ – пристојно/ скромно и се однесува на резервирано или одговорно однесување, „dynamic pricing “ – динамична цена или одредување на цената на производот или услугата варира во зависност од побарувачката, „lore“ –знаење како збирка на факти и заднински информации за некого или нешто, „ romantasy“ – жанр на фикција што комбинира романса и фантазија, и „slop“ или карам каша – што означува неквалитетна онлајн содржина генерирана користејќи вештачка интелигенција.

За потесниот избор на зборови одлучувала четиричлена комисија, а при изборот на победниците биле земени предвид гласањето на јавноста, коментарите, како и други анализи.

Изборот на Кембриџ за збор на 2024 година, кој беше објавен минатиот месец, падна на “manifest” односно манифестира, а се дефинира како позитивно размислување и јасно согледување на крајната цел со уверување дека на тој начин нејзиното постигнување ќе стане поверојатно. Зборот бил пребаруван 130 000 пати на онлајн речникот на Кембриџ.

Клучни зборови: