Рубрика: Медицина
Како нашиот мозок ги доживува филмовите?
Објавено на 08.11.2024 - 14:00

Научниците ги мапираа мозоците на луѓе додека тие гледале инсерти од некои од најомилените филмови, какви што се ‘Почеток’ (Inception) од 2010 година, ‘Имеријата го возвраќа ударот’ (The Empire Strikes Back) од 1980 и ‘Сам дома’ (Home Alone) од 1990, со цел ги идентификуваат различните мозочни мрежи вклучени во обработката на различни типови сцени. Сега, со сигурност може да се каже дека гледањето филмови и не е некој одмор за мозокот ;)

Спроведеното истражување помага да се карактеризира организацијата на церебралниот кортекс, најоддалечениот слој на мозокот, кој е одговорен за сензорна и когнитивна обработка. Истражувачите велат дека се работи за „фундаментален чекор во разбирањето како различни видови информации се обработуваат во мозокот“.

Наодите покажале дека во мозочните региони со специфични функции, како јазичната обработка, на пример, се јавува зголемена активност за време на полесно разбирливите сцени. Но, во деловите кога содржината на филмот била двосмислена или тешка за следење, поголема активност имало во „секторите на извршната контрола“ – мозочни региони што им овозможуваат на луѓето да планираат, решаваат проблеми и да одредуваат приоритет на информациите.

Секторите на извршната контрола се вообичаено активни при тешки задачи кога когнитивното оптоварување е големо“, вели невронаучникот Реза Раџимер (Reza Rajimehr) од Техничкиот институт во Масачусетс (МИТ), САД, и прв автор на трудот објавен во научното списание НевронСе чини дека кога филмските сцени се прилично лесно разбирливи, на пример, ако се води јасен разговор, активни се јазичните области, но во ситуации кога има сложена сцена која вклучува контекст, семантика и двосмисленост, потребни се повеќе когнитивни напори, и така мозокот се префрла на користење на општите контролни домени на извршната власт“.

За потребите на истражувањето, Раџимер и неговиот тим користеле слободно достапни податоци за функционална магнетна резонанца (fMRI), собрани од Human Connectome Project (HCP). fMRI го детектира зголемувањето на протокот на крв што се случува кога се користат различн региони на мозокот. Целосно скенирање на мозокот било извршено кај 176 млади возрасни учесници додека тие гледаа кратки клипови од по 60 минути од низа независни и холивудски филмови.

Нашата работа е првиот обид да се добие распоред на различни области и мрежи на мозокот во натуралистички услови“, вели Раџимер. „При fMRI во состојба на мирување, нема стимул – луѓето едноставно си размислуваат во себе, па не знаете што ги активира овие мрежи. Но, со нашиот филмски стимул, можеме да се вратиме наназад и да откриеме како различните мозочни мрежи реагираат на различни аспекти од филмот“.

Истражувачите пресметале “средна вредност” за активноста на мозокот кај сите учесници и користеле техники за машинско учење за да ги идентификуваат мозочните мрежи во церебралниот кортекс. Потоа анализирале како активноста во овие различни мрежи е поврзана со содржината на филмот сцена по сцена, вклучувајќи луѓе, животни, предмети, музика, говор и наратив.

Сега, проучуваме уште подлабоко како специфичната содржина во секој филмски кадар ги придвижува овие мрежи – на пример, семантичкиот и социјалниот контекст или односот помеѓу луѓето и сцената во позадина“, вели Раџимер.

Клучни зборови: