Рубрика: Екологија
Дали пепелта од термоцентралата на РЕК „Битола“ е радиоактивна или не?
Автор: Дејан Трајковски
Објавено на 04.11.2024 - 10:00

Одлагалиштето на свежа пепел во РЕК 'Битола'.

Кратко и јасно – не е радиоактивна.

За да се увериме самите, заедно со инж. Илија Бендевски „Бенц“ од нашето здружение на инженерите направивме една мини-експедиција по депониите за јаловина и пепел. После речиси 10 препешачени километри по изразито непристапен терен, го пронајдовме одлагалиштето за пепел, во близина на напуштеното и затрупано село Билјаник.

Мерењата на свежата пепел покажаа дека дозата на еквивалентна радијација над самата пепел изнесува 0,08...0,10 uSv/h (микросиверти на час), што е приближно трипати пониска вредност од радијациониот фон во битолскиот регион од околу 0,24 uSv/h. Ова значи дека тука единствениот извор на радијација е космичкото зрачење.

Лево: Одлагалиштето на свежа пепел во РЕК „Битола“. Кога дува ветер, се разнесува наоколу како најфина прашина. Десно: Ако лаже козата, рогот не лаже: дозата на еквивалентна радијација над самата свежа пепел изнесува од 0,08 до 0,10 uSv/h, трипати помалку од светскиот просек на природниот фон (заднинското зрачење).

Вакви ниски дози на радијација претходно имаме измерено само над Преспанско Езеро. Да заклучиме, пепелта, но и цементот добиен од пепелта од битолските термоелектрани е сосема безбеден од гледна точка на радијација.

Инаку, во светски рамки природниот фон има доза на еквивалентна радијација од 0,17...0,40 uSv/h, со просек од околу 0,27 uSv/h.

Лево: Одлагалиште на откривка (јаловина), односно почва над јагленовите слоеви. Ни тука не е забележано зголемени ниво на радијација. Десно: Природата населува нов живот на овие мртви депонии.

Лево: Напуштенa погонска станица високa колку троспратна куќа Десно: Oдлагач за јаловина, ама и тој не работеше.

Мерењата се извршени со кинески Гајгер-Милеров бројач, тип BR-6. Овие уреди се релативно едноставни и се базирани на Гајгерова ваккумска цевка како сензор на јонизирачки честичи, електричен засилувач и бројач, односно претворувач во единици uSv/h.

Од звучникот на уредот се слушаат отчукувања при регистрирање на јонизирачка честичка. Мерејќи ја временската периода и зачестеноста на јонизирачките честички се определува дозата на еквивалентна радијација, што се прикажува на дисплејот.

Уредот е тестиран на многу локации и насекаде е регистриран природниот радијациски фон од 0,20...0,28 uSv/h, освен над Преспанско Езеро, како и над депонијата за пепел, каде изнесувал околу 0,10 uSv/h. Природниот фон (заднинско зрачење) претставува најдобар eталон за проверка на квалитетот на инструментот.

Клучни зборови:
Одлагалиштето на свежа пепел во РЕК 'Битола'.

Одлагалиштето на свежа пепел во РЕК 'Битола'. Кога дува ветер, се разнесува наоколу како најфина прашина.

Дозата на еквивалентна радијација над самата свежа пепел изнесува трипати помалку од светскиот просек на природниот фон

Ако лаже козата, рогот не лаже: дозата на еквивалентна радијација над самата свежа пепел изнесува од 0,08 до 0,10 uSv/h, трипати помалку од светскиот просек на природниот фон (заднинското зрачење).

Одлагалиште на откривка (јаловина), односно почва над јагленовите слоеви.

Одлагалиште на откривка (јаловина), односно почва над јагленовите слоеви. Ни тука не е забележано зголемени ниво на радијација.

Природата населува нов живот на овие мртви депонии.

Природата населува нов живот на овие мртви депонии.

Напуштенa погонска станица високa колку троспратна куќа

Напуштенa погонска станица високa колку троспратна куќа

Oдлагач за јаловина, ама и тој не работеше.

Oдлагач за јаловина, ама и тој не работеше.