Рубрика: Роботика
Tри роботски раце диригираа симфониски оркестар во Германија
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 01.11.2024 - 16:45

Музичарите од Дрезденскиот симфониски оркестар Синфоникер минатиот месец настапија под диригентската палка (односно диригентските палки) на робот со три зглобни раце, кој бил дизајниран во соработка со локалниот технички универзитет.

Синфоникер веќе подолго време е познат по иновациите и политичкиот ангажман. Оваа година тие го одбележуваат и јубилејот 25-години постоење. Делото Роботска симфонија (Robotersinfonie), било компонирано специјално за оваа пригода и имајќи го на ум робо-диригентот.

Роботот-диригент од следната генерација MAiRA Pro S е дизајниран да имитира човек, иако има некоја рака повеќе. При настапот, во секоја од трите зглобни раце роботот држел диригентска палка која малку потсетува на светлечките сабји од филмот “Војна на ѕвездите“.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TU Dresden (@tudresden)

Биле организирани два настапа кои имале за цел да ги прикажат најновите достигнувања во роботиката, а истовремено и да ја промовираат музиката напишана експлицитно за користење на технологија од 21 век.

Уметничкиот директор на Синфоникер, Маркус Риндт, изјавил дека намерата не била да се замени човечко суштество, туку да се направи мошне сложен музички перформанс којшто за човечките диригенти би бил невозможен.

Концертите се состоеле од два става – едниот исклучиво „човечки“ и, по одредена пауза, следел вториот во којшто диригира роботот.

Оркестарот бил поделен на три дела. Роботот со своите три раце диригирал со трите дела на оркестарот одделно, што не би било можно доколку диригира само еден човек. На овој начин се добило дело во кое ритмовите се вкрстуваат.

Германскиот композитор Андреас Гундлах, кој го компонирал делото изведено со помош на робо-диригентот, изјавил дека идејата за роботот потекнала од научниците од Техничкиот универзитет во Дрезден кои развиваат таканаречени коботи, односно колаборативни роботи, кои не се наменети да ги заменат човечките суштества, туку да работат заедно со нив.

Роботската симфонија во изведба на Синфоникер, под диригентските палки на робо-диригентот, прикажана во целост за ваше уживање
Клучни зборови: