Рубрика: Информатика
Вештачката интелигенција во фокусот на годишната конференција на МАСИТ
Објавено на 29.10.2024 - 14:00

Денес, во хотелот Александар Палас, започна годишната конференција на МАСИТ, која оваа година се одржува по 19-ти пат. Дводневниот настан носи висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција (AI).

Оваа година во фокусот на конференцијата е вештачката интелигенција, како таа го го редефинира и обликува пазарот на трудот во ИТ, кои новини ги носи и, секако практичната приумена на ВИ во секојдневието. Па така тема на првиот официјален ден е „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“ ,  додека вториот ден же стане збор за „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ и носи повеќе интересни сесии и дискусии.


 

Во воведниот дел од 19-та годишна конференција на МАСИТ најавени се обраќања на Анета Пешева, претседател на Собранието на МАСИТ, Тимоти Онг, директор на Канцеларијата за економски раст на УСАИД, и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

По ова свое излагање имаат почесните гости говорници, Кетрин Ферари Сајмон (Catherine Ferrary Simon) и Кристоф Томен (Christoph Thommen) од Vector8, кои  нè водат низ новите трендови во технологијата и ќе дискутираат за тоа како тие можат да ја трансформираат индустријата.

За тоа дали имаме национален капацитет за брза адаптација на работната сила во светлината на предизвиците од вештачката интелигенција ќе дискутираат Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; проф д-р Весна Јаневска, Министерка за образование и наука; Илија Господинов, управител на Ендава во Скопје и раководител на групацијата за интегритет, претседател на УО на МАСИТ; Небојша Мојсоски, директор на Активноста на USAID North Macedonia Youth Actively Create Opportunities; и Весна Иваноска, директор на Qinshift Academy и заменик претседател на УО на МАСИТ.

Во рамки на панел сесијата „Премостување на јазот во вештини – обучување на работната сила на иднината“ Весна Иваноска, директор на Qinshift Academy и заменик претседател на УО на МАСИТ; Никола Живков, Head of Development @Qinshift; д-р Игор Трајковски, основач на Time.mk, професор и истражувач; и д-р Миодраг Цекиќ, CSE/R&D Lead Technical Consultant, IWConnect  ќе дискутираат за клучните вештини што ќе ги обликуваат идните професионалци и како да се подготвиме за предизвиците кои следуваат.

Проф. д-р Анис Сефиданис од Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информациски науки и технологии св. Апостол Павле во Охрид говори на тема ВИ – последната уметност на човекот и како ВИ влијае на редефинирање на човечкиот потенцијал.

Целата агенда на настанот ја имате на 19th Annual Conference - Masit Conference

Клучни зборови: