Рубрика: Омнибус
Одржливите енергетски навики во фокус на Саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024
Објавено на 09.10.2024 - 14:00

Меѓународниот саем на енергетика, електротехника, ладење и греење, соларни системи, пумпни системи, технологија и технолошки системи – Енерго Технома 2024, ќе се одржи во Арената Борис Трајковски од 29 до 31 октомври. Станува збор за саем кој ќе ги претстави сите иновативни решенија и најновите технологии во областите кои вклучуваат одржливи навики.

Во организација на Скопски Саем, ќе имаме можност да ги видиме сите компании кои ќе ги презентираат најсовремените технологии и услуги кои најчесто користат обновливи извори на енергија. Програмата на изложување вклучува: технологии за производство на енергија, енергетски постројки и опрема, енергетски ефикасни материјали, електро и електронска индустрија, системи за ладење и греење, пумпи и пумпни системи, трансформатори, производство, трансформација и пренос на електрична енергија, геотермална енергија, енергија добиена од ветер и сонце, технолошки системи, екологија, заштита на човекова околина, планирање и проектирање на зелени површини, градежни и изолациони материјали, како и технички и технолошки иновации.

Меѓународниот саем ТЕХНОМА е бренд кој постои веќе четири децении и претставува место каде што со години наназад претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката и градежништвото ги претставуваат и промовираат своите иновативни и ефикасни производи и методи, со континуирано претставување на индустриското стопанство во регионот и најновите достигнувања во областа на технологијата.

Саемот не се одржуваше неколку години, но Скопски саем оваа година направи напор повторно да го организира овој Саем и да ја врати довербата кај компаниите и институциите за капацитетите за одржување на вакви манифестации. На тој начин пред институциите, компаниите и пошироката јавност, ќе се претстават развојните програми и проекти кои се планирани да се реализираат во иднина.

Во светот на современото производство, индустриите кои се дел од одржливите технологии и решенија имаат клучна улога за иднината. Фокусот на презентираните решенија, не само што ги задоволуваат тековните потреби на ова време, тие истовремено промовираат одржливост и поголема свесност за заштита на природата.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат одблиску со најновите технолошки иновации презентирани на овој Саем, благодарение на претставените компании кои се свесни за растечката потреба на енергетска ефикасност и одржливите технологии.

Енерго Технома е одлична можност за компании кои се фокусираат на иновативни решенија кои ја заштитуваат животната средина и ја демонстрираат својата одговорност кон идните генерации. 

 

--- промотивна објава ---

Клучни зборови: