Неколку научни истражувања, независно едно од друго, неодамна објавија информација дека соларните фотонапонски панели креираат многу повеќе токсичен отпад по единица призведена енергија, отколку нуклеарните електрични централи.
На пример, научната студија направена од „Environmental Progress“ предупредува дека токсичниот отпад од соларните панели претставуваат закана за животната средина. Овие истражувачи лоцирани во Беркли универзитетот од Њујорк, објавија дека дошле до сознание дека соларните панели креираат 300 пати повеќе токсичен отпад по единица енергија, отколку нуклеарните електроцентрали.
За да се направат овие калкулации, од „Environmental Progress“ ги земале предвид средниот животен век на фотонапонските панели (25 години), како и вкупната произведена електрична енергија од тие панели.
Производителите на фотоволтаични панели ги критикуваа овие студии и ги нарекоа нерелевантни и неточни зашто биле направени врз основа на недоволен голем број собрани податоци и ги обвинија истражувачите од Environmental Progress дека наводно биле на страна на производителите на нуклеарни електроцентрали.
Застапниците на фотоволтаични (соларни) панели наведуваат дека соларните панели главно се состојат од стакло кое може да се рециклира. Исто така, фотонапонските ќелии се направени од силициум, кој не е токсичен и може да се рециклира во нов полупроводнички материјал.
Мал дел од фотонапонските панели содржат кадмиум, кој е најпроблематичен елемент во смисол на отпад по завршување на животниот век на фотоволтаичните панели.
Производителите на фотонапонските панели обвинуваат дека нуклеарните централи произведуваат повеќе кадмиум и други тиклсични материи во однос на фотонапонските панели.
Како и да е, борбата за превласт помеѓу производителите на различни електроенергертски постројки продолжува...
Извори:
https://environmentalprogress.org/big-news/2017/6/21/are-we-headed-for-a...
https://dailycaller.com/2017/07/01/solar-panels-generate-300-times-more-...
https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S1364032110000638
https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0016718514001705
https://pris.iaea.org/PRIS/WorldStatistics/WorldTrendinElectricalProduct...
https://www.iaea.org/publications/11173/status-and-trends-in-spent-fuel-...
https://wattsupwiththat.com/2017/06/29/toxic-waste-from-solar-panels-300...
https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0016718514000281
https://world-nuclear.org/information-library/nuclear-fuel-cycle/nuclear...
https://skeptics.stackexchange.com/questions/38844/do-solar-panels-creat...