Рубрика: Електроника
Уред што ја собира енергијата од радиосигналите за напојување на сензори
Објавено на 12.08.2024 - 15:00

Научниците создадоа уред кој може да ги користи амбиенталните радиофреквентни сигнали, како Wi-Fi и Bluetooth, за енергија. Пронајдокот, велат истражувачите, може да помогне за подобрување на енергетската ефикасност на уредите и да им овозможи на малите сензори да работат без батерии. Меѓународниот тим на истражувачи ги објави своите наоди во Nature Electronics.

Електромагнетните бранови се користат во голем број сигнални технологии, вклучувајќи радио, Bluetooth и wi-fi. Овие радиофреквентни бранови со мала моќност претставуваат мал извор на енергија, но досега уредите израработени со намена за собирање на оваа енергија требаше да бидат поставени мошне блиску до изворот на сигналот за целата работа да функционира.

Шема на нано-спин исправувачот (лево) и практична изведба на уредот (десно). Уредот може да обезбеди напојување на термометар кој ја прикажува собната температура. Слика: Шунсуке Фуками и Хјунсу Јанг

Сега, со помош на уред наречен нано-спин исправувач (nanoscale-spin rectifier – SR), мал магнетен објект изработен од  кобалт, железо, бор и магнезиум оксид, истражувачите можеле да ги претворат радиофреквентните сигнали пониски од -20 dBm во еднонасочна струја.

Тие го искористија ова за да изработат уред за собирање енергија што може да напојува комерцијален термометар. Притоа за термометарот да работи немало потреба од додавање на дополнителни приемници или антени.

Истражувачите велат дека нивниот уред може да се користи за напојување на сензори поставени на оддалечени локации, како што се метеоролошките станици, кои вообичаено користат сигнална технологија за испраќање и примање податоци, па така веќе ја имаат потребната опрема за собирање енергија.

Нашите SR се компактни, имуни на паразитски ефекти, лесни за интегрирање, скалабилни и ефикасни во амбиентални услови“, пишуваат истражувачите во нивниот труд.

Клучни зборови: