Рубрика: Телекомуникации
Дали третиот мрежен мобилен оператор ќе триумфира во вистинската трка на македонскиот пазар за мобилни услуги?
Објавено на 12.08.2024 - 14:15

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје спроведе кратка анализа за состојбата на пазарот на мобилна телефонија воочи најавата за влез на нов трет играч. ИНРЕКОМ се обиде да даде одговор на прашањето дали доаѓањето на трет мрежен мобилен оператор е закана за комодитетот на постојните два играчи...

Откако пред 9 години мобилните оператори VIP и A1 се споија и претопија во една компанија – А1 Македонија, нашата земја стана една од ретките во чии рамки мобилни услуги нудат само два мрежни мобилни оператора. Иако спојувањето во една компанија беше условено со носење на нов виртуелен оператор – Лајкамобајл, ова не донесе некое придвижување и подобрување на состојбата. Во оваа насока некое големо влијание немаше ни влегувањето на Телекабел на мобилниот пазар како втор виртуелен оператор, ни третиот Гринмобајл, па дури ниту влегувањето на МТел од групацијата на Телеком Србија.

Иако навидум изборот е голем, но корисниците воглавно се распределени на двата мрежни мобилни оператори, додека учеството на виртуелните оператори на мобилниот пазар е незначително.

Најави и желби за влез на македонскиот пазар има, а како реално стојат работите може да прочитате од анализата на ИРЕКОМ достапна на следниот линк inrekom.org.mk/tret-mobilen-operator-zakana-za-postojnite-igrachi

Клучни зборови: