Рубрика: Хемија
Младите хемичари донесоа сребро и бронза од Меѓународната олимпијада по хемија
Објавено на 30.07.2024 - 18:45

Македонските средношколци кои учествуваа на Меѓународната олимпијада по хемија се вратија од Ријад, Саудиска Арабија со нови два медала. На олимпијадата во Ријад учествуваа 350 ученици од 90 држави.

Како што објави Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, тимот во состав Иван Костевски од СОУ “Славчо Стојменски” – Штип, Елена Живаљевиќ од ПСУ “Јахја Кемал” – Скопје, Петар Мирчевски од СОУ "Мирче Ацев" – Прилеп и Марио Ванчоски од  СОУ "Славчо Стојменски” – Штип на Македонија ѝ донесоа бронза и сребро.

Притоа Петар Мирчевски го освои второто место и се закити со сребрен медал, додека Марио Ванчоски се најде на третото место и освои бронза. И другите двајца натпреварувачи, Елена Живаљевиќ и Петар Мирчевски, биле мошне блиску до освојување на медал.

Емитер им честита  на учениците за постигнатите резултати и очекуваме уште многу радосни вести за нивните понатамошни достигнувања и научни подвизи.

Иако ниту еден од тимовите што ја претставуваше Македонија на меѓународните средношколски научни олимпијади не доби финансиска поддршка од државата, сепак сите успешно и достојно ја претставија својата татковина. Резултатите на нашите средношколци се зрак надеж дека и наспроти катастрофалните состојби во образованието, сепак кадар што знае да ги насочи и образува младите постои. Се надеваме дека државата конечно ќе се разбуди од длабокиот сон и ќе ги поддржи нашите млади во патот што го избрале, патот на сознанието, на науката и техниката.

 

Извор Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

Клучни зборови: