ИнфоМед претставува брза, едноставна и бесплатна онлајн алатка која работи како агрегатор на информации од јавен карактер поврзани со медицината. Креирана е со цел да го олесни работното секојдневие на здравствените работници, овозможувајќи им на сите лица кои имаат потреба од брзи информации, нив да можат да ги најдат на македонски јазик, на едно место – брзо и ефективно, наместо моменталниот единствен достапен пристап преку книги, застарени веб страници, итн.
Визијата на ИнфоМед е да го револуционизира технолошкиот дел од здравствениот систем во нашата земја, односно да придонесе за доближување на стандардите и принципите за грижа и нега на пациентите со помош на технологија, во согласност со светските трендови.
Платформата, која е од информативен карактер, е наменета да се користи од страна на медицински лица и студенти по медицина, но отворена е за сите граѓани. Иако, во моментов, ИнфоМед поддржува само пребарување, нашиот план е целосна дигитализација на медицината во Македонија со помош на нови алатки кои засега не се достапни на Македонските медицински лица.
Креаторите ветуваат дека ИнфоМед ќе остане засекогаш бесплатна, со отворен код, и без агенда за профит.
“Алатката ја направив јас”,вели Никола Стојков. “Како и секој граѓанин во земјава, сакам добра и сигурна здравствена заштита која не би можел во целост да ја добијам ако работењето на медицинскиот персонал е попречено на каков било начин”.
“Првичната верзија на платформата е направена и пуштена во употреба за само 24 часа, а дури уште следниот ден медицински лица од различни области почнаа да ме контактираат со идеи и барања за надоградби на ИнфоМед, по што се одлучив озбилно да се посвети на проектот” додава тој.
ИнфоМед работи само како агрегатор на веќе постоечки јавни информации. Во моментов ги користи следниве извори: Агенција за лекови и медицински средства, Министерство за здравство и Фонд за здравствено осигурување
Информациите се обновувани еднаш во текот на денот.
--- промотивен напис ---