Небесниот танц на Сонцето и Месечината во време на еклипса е секако една од најспектакуларните глетки. И затоа не треба да се чудиме што можноста да се набљудува еден ваков несекојдневен настан привлекува илјадници да застанат во линијата на тоталното затемнување за да можат најдобро да го искусат.
Американците долго се подготвуваа за оваа, како што тие ја нарекоа, Голема Американска Еклипса 2024. Организирани беа десетици забави за набљудување, фестивали на еклипсата, проекти за граѓански научен придонес, масовни венчавки по повод затемнувањето на Сонцето, а имаше понуда и за искусување на еклипсата од авион во еден од специјалните летови што ја следеа патеката на тоталното затемнување над континентот. Се разбира, сите беа запознати за протоколите за безбедно набљудување – носење на специјални затемнети очила што ќе ги штитат очите, употреба на соодветни филтри за набљудување со дурбин или двоглед, или процедура за посредно набљудување преку мал отвор или телескоп.
За почеток една фотографија направена од Мартин Стојановски од Скопското Астрономско Друштво кој го набљудуваше затемнувањето од Канада:
Комбинација од 2 фотографии од целосното затемнување на Сонцето над Лејк Мефемагог, Магог, Канада – Лево: ефектот на дијамантски прстен каде што може да се види Сонцето како излегува од зад Месечината. Забележливи се и неколку истакнати црвени блесоци на работ. Десно: фотографија од тоталитетот. Короната е видлива во сета своја убавина... фото : Мартин Стојановски/Скопско Астрономско Друштво
Во продолжение ви го пренесуваме нашиот избор на најубавите фотографии од вчерашното затемнување на Сонцето над Северна Америка, објавени во светските медиуми.
Мазатлан во Мексико беше прв на линијата на тоталитетот при затемнувањето фото: BBC
Луѓето го набљудуваат затемнувањето во Тореон, Мексико фото: Daniel Becerril/Reuters
Затемнувањето видено од Националната рекреативна зона Амистад во Дел Рио, Тексас, една од ретките локации на службата за национални паркови што беше директно на патот на тоталитетот на затемнувањето фото: Sarah Silbiger за CNN
Месечината почнува да го покрива Сонцето над Игл Пас, Тексас. фото: Eric Gay/AP
Луѓето гледаат како започнува затемнувањето на Сoнцето над Игл Пас, Тексас фото: Eric Gay/AP
Прогресијата на целосното затемнување на Сонцето. Композитна слика од девет фотографии направени од локацијата на Индијанаполис Мотор Спидвеј, во периодот помеѓу 13:29 и 16:25 часот по локално време. фото: Joe Timmerman/IndyStar
Целосно затемнување на Сонцето се гледа покрај развиорено американско знаме во Хултон, Мејн, најисточниот град во САД на патеката на затемнувањето. фото:Jasper Colt, USA TODAY
Патниците на специјалниот лет што го понуди Delta Air Lines во понеделник, а којшто ја следеше целокупната патека на тоталното затемнување. фото: Leonardo Benassatto/Reuters
Авион поминува на небото пред Месечината во моментите на целосно затемнување на Сонцето над Блумингтон, Индијана, во понеделник, 8 април фото: Bobby Goddin/USA Today Network/Reuters
Нововенчана двојка го гледа затемнувањето по масовната венчавка што се случи непосредно пред еклипсата во Раселвил, Арканзас. Тие се еден од 358 парови кои се венчаа на настанот „Земи се при екслипса“. фото: Mario Tama/Getty Images
Делумно затемнување на Сонцето набљудувано крај круната на Статуата на слободата во Њујорк. фото: Timothy A Clary/AFP/Getty Images
Луѓето го гледаат затемнувањето од платформата за набљудување Еџ во Хадсон Јардс во Њујорк. фото: Eduardo Munoz/Reuters
Делумно затемнување над споменикот Вашингтон, забележано во понеделник, 8 април 2024 година фото: Jack Gruber, USA TODAY
Eден од набљудувачите на затемнувањето во Националниот трговски центар во Вашингтон, гледа кон Сонцето користејќи двоглед опремен со соларен филм. фото: Kent Nishimura/Getty Images
Оваа композитна слика од 13 фотографии ја покажува прогресијата на затемнувањето на Сонцето во текот на 2 часа и 28 минути за време на забавата за набљудување на целосното затемнување на Сонцето во 2024 година што се одржа во арената Трампет ин д Ленд во Охајо, Нова Филаделфија. Иако Нова Филаделфија не беше на патот на тоталитетот, набљудувачите доживеаја 99,32% затемнување на Сонцето во 15 часот и 15 по локално време. фото: ANDREW DOLPH/TIMES-REPORTER
Луѓето го гледаат затемнувањето во Вапаконета, Охајо. фото: Matthew Hatcher/Getty Images
Месечината го покрива Сонцето за време на затемнувањето над Магог, Квебек. фото: Stan Honda/AFP/Getty Image
Ефектот Baily's Beads и црвените проминенции кои излегуваат од Сонцето фотографирани при затемнувањето видено од Магог, Канада фото: Stan Honda/AFP/Getty Image
Како затемнувањето на Сонцето изгледа од вселената? На оваа гиф-анимација/видео од ЕСА јасно е видлива сенката на Месечината што "ита" преку површината на Земјата
Илјадници луѓе во Мексико, САД и Канада излегоа од домовите и уживаа во глетката, призор толку различен од она што се случи кај нас во 1999 година, кога имавме делумно затемнување на Сонцето над Македонија. За потсетување, тогаш, на 11 август 1999 година, од Македонија беше видливо делумно затемнување на Сонцето, од значителни околу 91%, меѓутоа кај голем дел од населението владееше некаков страв дека ќе бидат изложени на штетни зрачења, па улиците беа речиси пусти со неколку исклучоци. Но, се надеваме дека во изминативе дваесетина години станавме поинформирани и поедуцирани, за во наредната прилика да можеме спокојно да уживаме.
Прогресијата на целосното затемнување на Сонцето. Композитна слика од девет фотографии направени од локацијата на Индијанаполис Мотор Спидвеј, во периодот помеѓу 13:29 и 16:25 часот по локално време.
<p>Оваа композитна слика од 13 фотографии ја покажува прогресијата на затемнувањето на Сонцето во текот на 2 часа и 28 минути за време на забавата за набљудување на целосното затемнување на Сонцето во 2024 година што се одржа во арената Трампет ин д Ленд во Охајо, Нова Филаделфија. Иако Нова Филаделфија не беше на патот на тоталитетот, набљудувачите доживеаја 99,32% затемнување на Сонцето во 15 часот и 15 по локално време</p>