Кинеската компанија Xpeng создава робот еднорог, опремен со вештачка интелигенција. Првичната идеја е концепт машина за деца која би служела како придружник на четири нозе.
Но, во следните подобрувања во Xpeng решиле да го оспособат роботот за да може и тој да помага низ куќата. Па така роботот добил опаш што му служи како „рака“ си која може да фаќа предмети. Овој робот ќе може да разбира и извршува команди, а наводно со опашката ќе може да фаќа, крева и носи предмети до 3 килограми.
Концептот бил претставен на 45. Меѓународен саем за автомобили во Бангкок.