Според едно ново истражување, во 30-тите години од минатиот век односот помеѓу радиото и делата на најпознатиот фински композитор Јан Сибелиус,одиграле важна улога во развојот на радиодифузијата, популаризирајќи ја западната класична музика и истовремено обезбедувајќи му на Сибелиус меѓународна слава.
Најпознатиот фински композитор на класична, или како што тоа во други времиња се нарекуваше “сериозна” музика, Jан Сибелиус (1865–1957), постепено престанал да пишува нова музика кон крајот на 20-тите години од минатиот век. Истовремено, во Европа сѐ почести стануваат радио преносите на изведби во живо. Во Финска, клучен играч во радио индустријата во тоа време е финската радиодифузна компанија Yleisradio, основана во 1926 година, која се стекнала со статус на монопол во 1934 година во Финска.
Финскиот радио оркестар, основан во 1927 година, бил студиски оркестар специјализиран за преноси во живо, чијашто 'публика' бил микрофонот за емитување
“Благодарение на AM технологијата и координираните заеднички концерти, од Yleisradio покажаa дека има што да ѝ понудат и на меѓународната публика”, вели Јане Мекеле (Janne Mäkelä), истражувач од Универзитетот за уметности во Хелсинки. Така, музиката на Сибелиус ефективно се раширила низ светот, стекнувајќи нови слушатели и почитувачи, што од самиот композитор направи национален херој и славна меѓународна медиумска фигура.
„Во претходните студии, на 1930-тите честопати се гледа како на културно затворена деценија во Европа, вклучително и Финска“, вели Јане Мекела. Според неговите истражувања, декадата имала и транснационален карактер поради интензивната врска што се создала помеѓу радиото и класичната музика. „Самиот Сибелиус беше верен радио слушател и, со помош на АМ преносите, информациите за програмите објавени во весниците и личните мрежи, тој останал добро информиран за странските радиопрограми сѐ до 1950-тите“, вели Мекела.
Лево: Големо медиумско внимание добил концертот организиран по повод 70-тиот роденден на Јан Сибелиус, одржан на 8 декември 1935 година, емитуван и преку радио од страна на Yleisradio Десно:Во ерата на AM емитувања, радио програмите се пренесувале преку националните граници. Точните фреквенциите на најпопуларните радија биле секогаш прикажани кај тјунерот од радиоприемникот, со името на градот од којшто се емитува програмата. На фотографијата радиоприемник Telefunken Albis Typе 71, од 1936 година
Во 1950-тите, меѓународниот досег и влијание на радиото се намалува со пробивот и сѐ поголемата раширеност на новата FM технологија.
Како главен истражувачки материјал за статијата биле користени финските весници и списанија, како и годишните извештаи на Yleisradio. Истражувачката литература вклучува и списи од областа на музиката, радио операциите [преносите и програмата], меѓународната покриеност и Јан Сибелиус.
Наодите се објавени во статијата Радиото и Сибелиус во списанието Lähikuva – audiovisuaalisen kulttuurin tieteelinen julkaisu.
Во ерата на AM емитувања, радио програмите се пренесувале преку националните граници. Точните фреквенциите на најпопуларните радија биле секогаш прикажани кај тјунерот од радиоприемникот, со името на градот од којшто се емитува програмата. На фотографијата радиоприемник Telefunken Albis Typе 71, од 1936 година