Во космологијата, терминот темна материја го опишува сето она што се чини дека не е во интеракција со светлината или електромагнетното поле, или што може да се објасни само преку гравитацијата. Не можеме да ја видиме, ниту знаеме од што е сочинета, но таа ни помага да го разбереме начинот на којшто се однесуваат галаксиите, планетите и ѕвездите. Но сега уште едно истражување го става под знак прашалник самото постоење на темната материја, а со тоа и на усвоениот стандарден модел на универзумот...
Раџендра Гупта (Rajendra Gupta), професор по физика на Универзитетот во Отава, дошол до заклучок дека темната материја е излишна со примена на комбинацијата од две теории – онаа за коваријабилни спарени константи (covarying coupling constants – CCC) и теоријата за уморна светлина (tired light – TL), односно со употреба на т.н. модел CCC+TL. Моделот всушност комбинира две идеи: 1. дека природните сили слабеат со текот на космичкото време и 2. дека светлинската енергија слабее при изминувањето на долги растојанија. Моделот е тестиран и се покажало дека тој се совпаѓа со неколку набљудувања, како на пример, со тие што се однесуваат за начинот на којшто се распространети галаксиите и за тоа како светлината еволуирала од раниот универзум.
Откритието е во директен судир со досегашното, најприфатено разбирање на универзумот, коешто предлага дека приближно 27% од универзумот се состои од темна материја и помалку од 5% од обична материја, додека остатокот од "ткивото на универзумот" го сочинува темната енергија.
„Наодите од студијата го потврдуваат дека ниот претходен труд [(„Набљудувања на раниот универзум со JWST и ΛCDM космологија“], за тоа дека дека староста на универзумот изнесува 26,7 милијарди години, ни овозможи да откриеме дека универзумот нема потреба од постоење на темна материја “, објаснува Гупта. „Во стандардната космологија, забрзаното ширење на универзумот се вели дека е предизвикано од темната енергија, но всушност се должи на слабеењето на природните сили додека при ширењето, а не поради темната енергија”.
Појавата на црвеното поместување се однесува на спектралното поместување кон црвениот дел светлинскиот спектар и се забележува при набљудувањето на најдалечните објекти. Истражувачот ги анализирал податоците од неодамнешните трудови за распределбата на галаксиите при ниски црвени поместувања и аголната големина на хоризонтот на звук во литературата при високо црвено поместување.
„Постојат неколку научни трудови што го доведуваат во прашање постоењето на темната материја, но мојот е прв, според моите сознанија, што го елиминира нејзиното космолошко постоење и истовремено е во согласност со клучните космолошки набљудувања што имавме време да ги потврдиме“, вели Гупта.
Со елиминирање на потребата од темна материја во универзумот и обезбедување докази за нов космолошки модел, оваа студија отвора нови патишта за истражување на основните својства на универзумот.
Студијата на Универзитетот во Отава го оспорува сегашниот модел на универзумот е објавена минатата недела во The Astrophysical Journal.
Извор University of Ottawa